• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Антиоксиданси и слободни радикали во организмот

Кислородот има двојна функција во организмот. Тој е всушност неопходен за живот, но воедно е и извор на потенцијално штетни супстанции – слободни радикали.

Дека кислородот е потенцијален човеков непријател е помалку познат, но не и помалку вистинит факт. Имено, кислородот е извор на слободни радикали – потенцијални штетни, високореактивни соединенија кои во организмот настануваат како меѓупродукти на вообичаените метаболни процеси.

Слободните радикали, исто така, можат да настанат како резултат на некои надворешни влијанија, како од загаден воздухот од автомобилските и индустриските издувни гасови, од претерано изложување на сонце, од јонизирачко зрачење, од присуство на различни отрови во околината или како резултат на човековиот лош однос према организмот, односно од лошите животни навики како што се: пушењето, конзумирањето на големи количини на алкохол, консумирање на процесирана храна и храна богата со заситени масти и од стрес.

Современите научни истражувања покажуваат дека оксидативниот стрес е еден од главните причини за развој на бројни тешки заболувања како што се атеросклерозата, шеќерната болест, малигните заболувања, срцевиот инфаркт, мозочниот инфркт и други тешки и хронични болести. Во спречувањето и лекувањето на сите овие заболувања можат да помогнат антиоксидансите.

На здравјето на клетките на организмот најдобро е да се делува превентивно. Со превентивното делување треба да се започне што порано. бидејќи болеста во организмот започнува многу порано, пред да се дијагностицира. По 35-тата година, кога клетките почнуваат поспоро да се развиваат и потешко да се бранат од слободните радикали, секој човек би требало да внесува антиоксиданси со храната.

Слободните радикали се високо реактивни и многу нестабилни атоми или група на атоми, кои настануваат во организмот како продукт на метаболните процеси, стресот, или потекнуваат од околината. Тие ги напаѓаат заштитните мембрани на клетките и нивниот генетски материјал (DNA и RNA), предизвикувајќи големи оштетувања во клетките. Истражувањата покажуваат дека оксидацијата е делумен виновник за многу сериозни болести, вклучувајќи ги: старењето, ракот и атеросклерозата.

Самата појава на слободните радикали во организмт е поттикната со пушењето, загадениот воздух, хербицидите, разните токсини од околината, јонизирачкото зрачење, прекумерното изложување на сонце, неправилната исхрана, процесираната храна и стрес. Ризикот за појавата на болестите поврзани од слободните радикали може да се намали со адекватен внес на антиоксиданси.

Антиоксидансите делуваат на 3 начини: можат да ја намалат енергијата на слободните радикали, до го спречат нивното настанување или да ја прекинат верижната реаксија на оксидацијата.

Нашиот организам произведува неколку ензими, вклучувајќи ги супероксид дисмутаза (SOD), каталаза и глутатион пероксидаза, кои го неутрализираат штетното делување на слободните радикали. Доколку сакаме да го зголемиме нивото на овие ензими – антиоксиданси, треба да ги внесуваме нивните „градежни единици“. „Градежните единици“ се цинк, манган и бакар за SOD, а селен за глутатион пероксидазата.

Покрај ензимите, и многу витамини, минерали и коензими имаат антиоксидативно дејство. Тоа се витамините Ц и Е, бета каротинот, лутеинот, ликоптенот, витаминот Б3 во форма на ниацин, витамините Б2 и Б6, коензимот Q10, аминокиселината цистеин и биофлавоноидите.

Се смета дека многу болести се резултат на неадекватен внес на антиоксиданси со храната. Затоа, денес е зголемен интересот за антиоксидансите, посебно оние од природните извори (овошјето и зеленчукот). Овошјето и зеленчукот се нивен примарен извор.

Земање само антиоксиданси како суплементи не е доволно за превенција на ракот. Луѓето би требале да консумираат повеќе антиоксиданси со храната, а тие ги има во големи количини во свежото овошје и зеленчукот. Не треба луѓето да се ограничат само на земање на антиоксиданси во вид на таблети“, истакнува Dr. Joann Manson од Harvard Medical School во Бостон.

Многу билни екстракти како екстракот од гинкго билбоа, зелениот чај или семките од грозје, исто така, може да обезбедат јака антиоксидативна заштита.

 

Прочитајте и: