• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Лекарски одговор на многуте приговори за вегетаријанството

Др. Драган Иванов е прв лекар во Србија кој го одбранил својот магистерски труд на тема „Вегетаријанска исхрана и нејзино влијание на здравјето“. Во својот труд, д-р. Иванов наведува некои стереотипни, погрешни приговори за вегетаријанската исхрана и дава одговор на нив врз база на научно засновани аргументи.

Ви го пренесуваме во целост написот, чиј автор е д-р. Иванов, а кој се наоѓа на веб страната „Здрав Живот“.

Мојата исхрана се базира на принципите на вегетаријанската исхрана и околу тоа постојано влегувам во секојдневни дебати со моите пријатели, кои жестоко тврдат дека не постојат сигурни докази дека вегетаријанството е здраво.

Загрижените родители, пријателите, добронамерните познаници, а и некои лекари, склони се да ги застрашуваат вегетаријанците со секакви приказни за тоа што може да им се случи, ако не јадат месо.

Еве како на тие приговори одговара д-р.Иванов кој магистрирал на оваа проблематика.

Најчестите приговори на вегетаријанството можат да се поделат во две главни групи:

Медицинско-научни приговори

  • недоволен внес на белковини,
  • дефицит на есенцијални аминокиселини,
  • дефицит на железо и калциум,
  • намален внес на омега-3 масни киселини,
  • дефицит на витамин Б12, пораст на хомоцистеинот.

Други (лаички) приговори

  • вегетријанската храна не обезбедува доволно физичка снага,
  • вегетријанската храна е скапа,
  • вегетријанската храна е невкусна („Не знаете вие вегетаријанците што е убаво јадење“!)

Приговор број 1

Ако од исхраната ги исклучиме белковините од животинско потекло, дали е тоа ризично за нашето здравје, посебно за здравјето на трудниците, доилките и децата?

Одговор

Растителни извори на протеини се:

  • мешункастиот зеленчук (соја, грав, грашок, боранија, леќа),
  • јатчестите плодови (ореви, бадеми, лешници),
  • целото зрно на житариците, а посебно нивните `ркулци,
  • кртолест зеленчук (компир, морков, репка) и кикирики,
  • печурки.

Сојата е најбогат извор на белковини. Во иста количина содржи 5 до 7 пати поголема количина на протеини, во споредба со месото.

Порано се сметало дека дури една третина од вкупната енергија треба да потекнува од белковините, третина од мастите и третина од јагленохидратите. Ваквиот однос инаку ја карактеризира исхраната во која се застапени месото и месните производи.

Поновите истражувања покажале дека ваквиот однос е непожелен и штетен по здравјето на човекот. Време е да се надмине митот дека месото е најдобар и главен извор на протеините.

Приговор број 2

Растителната исхрана не обезбедува внес на сите потребни есенцијални аминокиселини.

Одговор

  • Сојата ги содржи сите есенцијални аминокиселини,
  • Поленот ги содржи сите есенцијални аминокиселини,
  • Јатчестото овошје (ореви,бадеми, лешници) содржи 7 од вкупно 8 аминокиселини. Во нив недостасува аминокиселината лизин, која пак ја има во житариците и мешункастиот зеленчук,
  • Мешункастиот зеленчук, исто така, содржи 7 од 8 аминокиселини,
  • Целото зрно на житариците, посебно житните клици (`ркулци), се богат извор на есенцијални аминокиселини, и тоа оние аминокиселини кои недостасуваат во мешункастиот зеленчук и јатчестото овошје.

Заклучок за протеините и есенцијалните аминокиселини

Растителните протеини можат да ги обезбедат сите потреби на нашиот организам за протеини и енергија. Истражувањата покажале дека асортиманот на растителната храна, која се јаде во текот на денот може да ги обезбеди сите потребни есенцијални аминокиселини (American Dietetic Assiciation, 2003). Атлетичарите, исто така можат да ги обезбедат своите потреби за протеини преку растителната храна (American Journal of Clinical Nutrition, 1999).

Современите препораки за оптимален внес на хранливи материи во организмот се:

  • од протеините: 10-15% енергија,
  • од мастите: околу 10% енергија,
  • од јагленохидратите: околу 75% енергија.

Правилно испланираната и применета вегетаријанска исхрана обезбедува внес на хранливи материи, точно според современите препораки.

Приговор број 3

На вегетаријанците им прети опасност од слабокрвност поради недостаток на железо.

Одговор

Мешункастиот зеленчук и јатчестото овошје содржат 4-6 пати повеќе железо, отколку месото и рибата. Класификација на диетски извори на железо, подредени од најбогатите до насиромашните извори:

  1. мешункаст зеленчук и јатчесто овошје,
  2. компир,
  3. цели зрна на житарици, посебно нивните клици (`ркулци),
  4. зелен и жолт зеленчук, посебно краставиците,
  5. јајца,
  6. месо и риба.

Напомена:

  • Важен е внесот на железо преку храната, но важна е, исто така, и неговата апсорпција од цревата. Витаминот Ц, кој се наоѓа исклучиво во намирниците од растително потекло, имаат клучна улога во апсорбирањето на железото од цревата. Затоа, покрај консумирање на намирници богати со железо, треба истовремено да се консумираат и намирници богати со витамин Ц, бидејќи тој ја зголемува апсорпцијата на железото преку цревната слузница.
  • Вегетаријанците имаат зголемена остеливост на цревните рецептори за апсорпција на железото и намалена склоност кон губиток на железото. Истражувањата кои биле извршени на вегетаријанците во светот покажале дека лицата кои не јадат месо немаат поголема склоност кон слабокрвност, поради недостаток на железо (сидеропенична анемија), во споредба со невегетаријанците.

Приговор број 4

Вегетаријанската исхрана е откажување од вкусна и убава храна.

Одговор

Вегетаријанската храна не само што е здрава, туку е и многу вкусна. Да ги погледнеме различните видови на овошје, зеленчук, житарици, салати и другите билки. Секоја билка претставува единстено уметничко дело. Боите и формите на плодовите не пленат со својот изглед, додека со својот мирис и вкус ни предизвикуваат пријатни емоции. Храната делува и на расположението.

Приговор број 5

Билната исхрана не обезбедува физичка снага.

Одговор

Да ја прочитаме поуката за растителната и месната исхрана од учебникот на природата. Животинскиот свет ни пружа убедлив одговор во прилог на вегетаријанството. Животните кои јадат исклучиво билки имаат поголема телесна маса, појаки се и подолго живеат.

Ставот на American Dietetic Association (ADA) е дека вегетаријанството е здравствено сигурно и нутритивно адекватно само кога се правилно планира и применува. Вегетаријанците, доколку правилно ја избалансираат исхраната, може со неа да ги обезбедат сите потребни нутритиенти. Со цел да се олесни планот на вегетаријанската исхрана, формирани се пирамиди на правилна исхрана за вегетаријанците и веганите. Важно е да се има на ум дека ниту еден оброк не смее да се пропушти и дека храната, која се консумира, мора да биде разновидна.

 

Прочитајте и: