• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Новости од областа на канцерот
Лекувањето со ембрионални матични клетки може да има опасни нуспојави

Со истражувањето на терапиите во кои се користат матичните клетки за лекување на тешките заболувања, откриена е и првата нуспојава. Откога ја примило експерименталната терапија со ембрионални матични клетки, кај тешко болното 18 годишното момче од Израел почнале да растат тумори во мозокот и `рбетната срцевина. Ова е прв забележен случај на појава на бениген тумор во мозокот, предизвикан од матичните клетки на ембрионот, изјавиле израелските научници.

Научниците предупредуваат дека се потребни бројни истражувања со кои би се открило како би можеле да се контролираат матичните клетки, односно како би се спречило тие да растат во погрешен правец.

Пациентите треба да бидат внимателни. Матичните клетки не се лек. Тие во организмот може да се однесуваат на многу погрешни начини. Поради тоа потебно е уште време за да се открие вистинската, права терапија, истакнал John Gearhart, експерт за матични клетки од Универзитетот во Пенсилванија. Тој се сретнал со многу пациенти, кои биле подложени на вакви ризични терапии, бидејќи тоа им била последната надеж за да преживеат.

Израелското момче, кое ги примило инекциите со ембрионални матични клетки, има ретка генетска болест, атаксија-телеангиектазија (ataxia telangiectasia или A-T). Тоа е ретко генетско заболување кое се пренесува автозомно рецесивно. Болеста ја карактеризираат промени на кожата, невролошки пореметувања, намалување на имунитетот (имунодефициенција) и рана појава на разни тумори. Причината на оваа болест е мутација на генот на хромозомот 11, на неговиот сегмент q22. Се работи за пореметување во метаболизмот на репрација на ДНА молекулата, така што грешките, кои настануваат спонтано во репликацијата на ДНА, не се поправаат (репарираат), туку се натрупуваат. Со развојот на ова болест доаѓа до пропаѓање на делови на мозокот, поради што пациентот на крај станува неподвижен. Кај тие пациенти доаѓа и до ослабување на имунитетот, поради што доаѓа до чести инфекции и развој на рак. Повеќето од заболените деца, кој најчесто заболуваат во втората година од животот, умираат како тинејџери или во раните 20 - ти години од животот.