• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Свежи сокови – повеќе кислород за клетките

Благотворното делување на вегетаријанската исхрана е докажано во бројни научни студии. Ваквата исхрана е здравствено прифатлива и може да ги обезбеди сите потребни нутритиенти, но само ако е правилно испланирана.

Вегетаријанците во својата исхрана внесуваат продукти што содржат повеќе растителни влакна, комплексни јаглеродни хидрати, овошје и зеленчук.

Постојат бројни научни студии кои го докажале позитивниот ефект на свежите сокови во борбата против ракот. Научниците открија дека зелјестите зеленчуци, како и доматите, спанаќот и морковите, содржат важни инхибитори на ракот познати како ликопени и алфа и бета-каротини. Во Европското списание за исхрана од 1999 година пишува за едно истражување изведено од д-р Х. Милер. Во тоа истражување, на 23 мажи дневно им било давано по една чаша свеж ликопен во форма на сок од домати и сок од моркови, богати со алфа и бета-каротин, заедно со 10 грама спанаќ во прав, богат со лутеин. Резултатите покажаа значително подобрување на концентрацијата на каротинот во крвта. Научниците заклучија дека дневно внесување на свеж сок им гарантира на клетките обилно снабдување со кислород.

Добро е познат и фактот дека недостигот на кислород во клетките го активира почетокот на ракот. Д-р Ото Варбург ја открил таа појава во 30-тите години, за што добил и Нобелова награда.

Вегетаријанската исхрана обезбедува доволно количество од сите групи хранливи материи што му се потребни на организмот. Постојат докази дека тој начин на исхрана влијае врз намалувањето на појавата на многу заболувања како што се: малигните заболувања, кардиоваскуларните заболувања, високиот крвен притисок, дијабетот, каменот во жолчката, болестите на дигестивните патишта и многу други.

Дополнителната причина поради која вегетаријанците се поздрави е таа што тие водат сметка да ги внесуваат сите потребни групи продукти, нешто за што многумина не размислуваат премногу. Вегетаријанците јадат продукти што содржат повеќе влакна, комплексни (сложени) јагленохидрати и продукти со ниско ниво на холестерол.

Вегентаријанците, исто така, консумираат многу свежо овошје и свеж зеленчук, кои се богати со антиоксиданти, соединенија што ги неутрализираат слободните радикали - реактивни молекули што предизвикуваат многу, понекогаш и тешки болести. Слободните радикали се создаваат и во незаситените масти кога тие се изложени на сонце подолг период. Затоа се препорачува маслото да се чува заштитено од директна сончева светлина. Маслиновото масло, кое најчесто се користи во вегетаријанската кујна, е помалку подложно на создавање слободни радикали.

 

Прочитајте и: