• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Фантастично здрава и вкусна комбинација: МЕД и ЦИМЕТ

Меѓу зачините кои им даваат посебна арома и мирис на слатките, како и на другите јадења, циметот завзема единствено место. Иако постојат стотина врсти и подврсти на билката цимет, како зачин се користат две врсти на цимет: cinnamomum verum т.е. прав цимет, кој доаѓа од Шри Ланка и касија цимет или cinnamomum cassia.

Цејлонскиот цимет се продава во вид на стапчиња, има понежна и попријатна арома, додека касија циметот има поостар мирис и пецкав лут вкус. Цејлонскиот цимет може да се јаде во неограничени количини, но касија циметот, кој има појак вкус и црвенкаста боја, содржи кумарин, токсична хемиска супстанција која, доколку се зема во големи количини, може да предизвика вртоглавица, мачнина, слабост, оштетување на црниот дроб, на бубрегот, па во најтешки случаи да предизвика внатрешно крварење и смрт. Затоа не се препорачува касија циметот да се консумира во поголеми количини.

Поради своите лековити својства утврдено е дека само пола лажичка цимет дневно значително го намалува нивото на шеќерот во крвта, бидејќи содржи комплекси катехирин и епикатехирин, кои го активираат инсулинот. Исто така, докажано е дека циметот го намалува нивото на мастите. Тој е одличен извор на манган, железо, калциум, бакар и цинк.

Медот оддавна е познат по своето лековито дејство. Тој содржи многу корисни состојки, кои го зголемуваат имунитетот кај човекот и на тој начин го намалуваат ризикот од многу заболувања.

Денес се смета дека медот и циметот во комбинација може да излечат многу заболувања, па дури и да делуваат на намалувањето на телесната тежина. Парче леб намачкано со мед и цимет за доручек, драстично ја намалува можноста за срцев удар. Секојдневната употреба на овие две намирници го зајакнува имунитетот и го штити организмот од бактерии и вируси.

Доволно е наутро во чаша вода да се размати една лажичка мед и пола лажичка цимет и тоа да се испие. Со овој напиток се постигнува совршена виталност.

За продолжена младост и виталност постои и чај, кој може да се припреми на следниов начин: Во три шољи вода се додаваат четири лажички мед и една лажичка цимет. Оваа смеса се вари како чај. Од оваа смеса се пие по пола шољичка, неколку пати на ден.

Како природен лек против инфекциите на мочните патишта и мочниот меур се препорачува да во шоља млака вода се стават две лажички цимет во прав и една лажичка мед. Тоа ги уништува бактериите во мочниот меур.

 

Прочитајте и: