• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Рак на тестис Печати

Карциномот на тестисот е ретка болест и претставува само 2% од сите карциноми кои се јавуваат кај мажите.

Карциномот на тестисот е чест тумор кај младата машка популација, на возраст од 20 до 35 години, но може да се јави било кога после 15та година од животот. Инциденцата на карциномот на тестисот во последниве 20 години драматично се зголеми. Причините за порастот на инциденцата не се познати.