• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Кинеска зелка - природна ризница на белковини

Свежата главица на кинеската зелка за време на зимските месеци е салата број еден, тврди австрискиот професор, Dr Hademar Bankhofer. Главната причина за тоа се драгоцените растителни белковини. Кога велиме „белковини“, првенствено мислиме на месо и риба, но кинеската зелка е богата со растителни белковини.

Околу 2% од листовите на кинеската зелка, се чисти белковини кои ја зголемуваат енергијата. Овие растителни белковини, исто така, го потпомагаат создавањето, заштитата и обновувањето на сите клетки. Белковините помагаат да во нашиот организам се одржува равнотежата меѓу киселините и базите. Кожата, косата и ноктите се здрави само доколку имаме доволно белковини.

За разлика од животинските белковини, т.е. белковините од месото и рибата, листовите на кинеската зелка се драгоцени бидејќи се без масти.

Посебно лицата кои не пијат доволно млеко, треба доста да внесуваат кинеска зелка, бидејќи таа, исто така, содржи и големи количини на калциум и железо.

Највкусна е кога се припрема со маслиново масло, кое, многу клинички студии докажале дека е најздраво.

 

Прочитајте и: