• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Новости од областа на канцерот
Колоноскопијата не е така ефикасна дијагностичка метода

Научниците од Торонто (Канада) докажале дека колоноскопијата не е така ефикасна дијагностичка метода како што се мислело порано.

Клиничката студија, која е објавена на 15 декември 2008 година во часописот „Анали на интерната медицина“ (Annals of Internal Medicine), докажала дека колоноскопијата е фикасна во раното откривање на ракот на дебелото црево само од левата страна, а да скоро е потполно неефикасна во раното откривање на ракот од десната страна на дебелото црево.

Dr.Linda Rabeneck, една од авторите на оваа студија изјавила дека за откривање на туморите на десната страна на дебелото црево, колоноскопијата е ефикасна само во 1%. Еспертите сметаат дека оваа студија ќе им помогне на докторите да подобро ја разберат ограничената употреба на колоноскопијаа и да се потрудат да изнајдат подобро решение за преглед на десниот дел на дебелото црево. Тие секако истакнуваат дека колоноскопијата е многу важна дијагностичка процедура и дека објавувањето на овие резултати никако не значи дека пациентите треба да ја избегнуват.

Проф. Dr. David Ransohoff од Универзитетот во Северна Каролина, во САД, рекол дека порано се сметало дека колоноскопијата го намалува ризикот од смртен исход од ракот на дебелото црево во 90% , а да всушност тој процент изнесува 60-70%.

Кандаската клиничка студија опфатила повеќе од 10 000 пациенти со дијагностициран рак на дебелото црево во периодот од 1996 до 2001 година кои умреле заклучно со 2003 тата година. Научниците потоа го споредиле секој од овие болни со петорица слични болни, кои не умреле од рак на дебелото црево. Споредувајќи ги овие две групи, научниците успеале да ја одредат ефикасноста и ограниченоста на примената на колоноскопијата.

Ракот на дебелото црево е втор по ред причинител за смрт во Канада и доколку тој се открие на време, излечив е во 90% од случаите.

Колоноскопијата е за сега најефикасна дијагностичка метода за раното откривање на ракот на дебелото црево.

 

Најчитани наслови