• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Нови препораки на Американското здружение за рак за рано откривање на најчестите карциноми Печати

Американското здружение за рак (American Cancer Society, ACS), со почеток од 2000 година, секоја година ги објавува препораките за рана детекција („screening“) на карциномите, во часописот „Cancer Journal for Clinicians“.

Препораките се ревидираат најмалку еднаш во 5 години, а во случај на нови докази или препораки за скрининг за карциномите, тие се објавуваат, публикуваат и им се презентираат на јавноста и здравствените установи и многу почесто.

Во 2007 година, American Cancer Society ги објавува новите препораки и критериуми за успешен скрининг за најчестите карциноми, бидејќи новини кај американските препораки за рана детекција на карциномот, во текот на 2006 година немало.

Прочитајте нешто повеќе за новите методи на скрининг методите за рано откривање на најчестите карциноми:

  • Скрининг за рак на дојка,
  • Скрининг за рак на грло на матка,
  • Скрининг за рана детекција на аденоматозните полипи и на колоректалниот карцином (рак на дебело црево и ректум),
  • Тестови за рана детекција на рак на простата,
  • Тестови за рана детекција на рак на бели дробови.

Скрининг за рак на дојка

Ракот на дојката е најчест карцином кај жените во САД и втора водечка причина за смрт од рак кај жените.

Американските препораки за рана детекција на ракот на дојката препорачуваат комбинација на две методи:

  • клинички преглед на дојките почнувајќи од 20- 39 -те години на животот, кој е потребно да се спроведува секоја трета година, а од 40-та година од животот, еднаш годишно, и
  • мамографија, која е потребно да се направи еднаш годишно, со почеток од 40 - тата година од животот.

При првиот клинички преглед треба да се земе во предвид личната и фамилијарната анамеза на жената, а со секој иден преглед треба анамнестичките податоци да се надополнат со нови анамнесстички податоци.

На пациентката треба да и се објасни важноста на раната детекција на ракот, да и се дадат информации за незиниот личен ризик за настанување на рак на дојка и да се упати и запознае со новите технологии, како во областа на дијагностиката, така и во третманот на ова малигно заболувње.

Новост е да Американското здружение за рак не го препорачува веќе во своите препораки самопрегледот на дојката како обавезен и единствен метод за рана дијагностика.

Не е одредена горната граница на возраст, во која би требало да се прекине со скрининг за рак на дојка.

Затоа кај жените со добра општа здравствена состојба и кои се потенцијални кандидати за развој на рак на дојка, со мамографија како скрининг метода треба да се продолжи, без оглед на возраста. Затоа жените можат да ја изведуваат скрининг методата на секои 6 месеци, или порано, доколку тоа им го препорача нивниот лекар.

Потребно е да пациентките се информираат за користа, но и за ограничените можности на скриниг мамографијата, и да им дадат упатства за правилно изведување на самопрегледот на дојките, кои самите може да го изведуваат дома.

Жените со просечен ризик треба да прават мамографија еднаш годишно, со што се намалува ризикот од морталитет од рак на дојка, се зголемуваат тераписките можности, се овоможува примена на помалку агресивна терапија и поуспешно лекување.

Недостатоците на мамографијата се што со оваа метода неможат со сигурност да се рано откријат сите типови на рак на дојка, а можни се и лажно позитивни резултати.

Скрининг на рак на грло на матка

Денешните препораки за скрининг на грлото на матката се одраз на моментните разбирања и сознанија за цервикалната интраепителна неоплазија (CIN) како преканцерозна лезија, како и за важноста на хуманиот папилома вирус во етиологијата на самиот рак на грлото на матката.

Према ACS препораките, со скрининг за рак на грлото на матката би требало да се започне по 3 години од стапувањето во секуални односи, но не покасно од 21 година. Еднаш годишно се спроведува конвенционален ПАПА тест, или ако се спроведува на ликвидниот ПАПА тест, тој се изведува секоја втора година.

Од 30-тата година, кај жените кои имале 3 нормални наоди на ПАПА тест (негативна цервикална цитологија, негативен конвенционален или ликвиден ПАПА тест) секоја 2 – 3 година се прави конвензионален ПААП тест, или секоја 3-та година да се прави DNK тест за HPV и плус ПАПА тест.

Жените кои ќе го изберат HPV DNK тестирањето треба да бидат информирани дека инфекцијата со HPV вирусот е многу честа кај жените кои се сексуално активни. Позитивните резултати од HPV тестот докажуваат присуство на полово стекната инфекција. Позитивниот HPV тест не значи и присутност на карцином, а повеќето пациентки, кои се позитивни на HPV, немаат напредната цервикална неоплазија (CIN).

Жените од 70 години и постари, кои имале 3 или повеќе нормални наоди на ПАПА тестот, а немале ни патолошки резултати од цервикалната цитологија во последните 10 години, како и жените кои имале тотална хистеректомија или остранување само на грлото на матката (конизација), можат да престанат со скрининг за рак на грлото на матката.

Од 2005 година, ACS започнува со креирање на препораки, и со препораки за користење на профилактична вакцина за HPV инфекциите, со цел да се превенира CIN и ракот на грлото на матката.

Важно е да се истакне дека со скрининг за рак на грлото на матката треба да се продолжи и кај лицата кои примиле вакцина против HPV вирусите.

Скрининг за рано откривање на аденоматозните полипи и колоректалниот карцином (рак на дебело црево и ректум)

Американското друштво за рак препорачува да се со скрининг започне од 50-тата година од животот, кај мажите и жените кои имаат просечен ризик за развој на колоректален карцином, а на располагање се 5 скрининг опции:

  • скрининг тест за окултно крварење во столицата, т.н. Hemoccult тест (англ. FOBT) или фекален имунохемиски тест (англ. FIT) секоја година, ИЛИ
  • флексибилна сигмоидоскопија на секои 5 години, ИЛИ
  • еднаш годишно FOBT (или FIT) и флексибилна сигмоидоскопија на секои 5 години, ИЛИ
  • иригографија на цревата со двоен контраст на секои 5 години, ИЛИ
  • колоноскопија на секои 10 години.

Колоноскопија треба да се направи доколку FOBT или FIT покажат постоење на крв во столицата, доколку сигмоидоскопијата открие присуство на аденоматозен полип или на карцином, или ако иригографијата покаже било какви абнормални промени. Доколку е можно, полипот треба да се отстрани во текот на колоноскопијата.

Но, кај пациентите со висок ризик за колоректален карцином, со скринингот треба да се започне и порано и/или скринингот да се изведува почесто.

Следниве состојби ги вбројуваат пациентите во групата со поголем ризик од просечниот:

  • позитивна лична анамнеза за колоректален карцином или за аденоматозен полип,
  • позитивна лична анамнеза за воспалителни заболувања на цревата (улцерозен колит, Crohn - ова болест),
  • позитивна фамилијарна анамнеза за колоректален карцином или полипи (карцином или полипи кај роднини од прво колено – родители, близнаци, брат, сестра, деца, помлади од 60 години, или роднини од второ колено, во било која возраст),
  • позитивна фамилијарна анамнеза за хередитарни синдроми на рак на дебелото црево (фамилијарна аденоматозна полипоза - FAP или хередитарен неполипозен карцином на дебелото црево - HNPCC).

Некарциномските полипи, кои се развиваат во дебелото црево, можат со методите на скрининг да се откријат и отстранат на време, пред да настане ракот.

Детекцијата и лекувањето на колоректалниот карцином во неговата рана фаза, драстично го подобрува преживувањето, ја намалува потребата од поагресивна терапија и ги намалува трошоците на лекувањето.

Скрининг за рак на еднометриумот (тело на матка)

Во 2001 година, ACS заклучил дека се недоволни досегашните докази за да се изработат препораки за скриинг на ракот на еднометриумот, како кај жените со просечен, така и кај жените со зголемен ризик (естрогена терапија, лекување со тамоксифен, касна менопауза, нероткињи, неплодност или неможна овулација, гојазност, зголемен крвен притисок, шеќерна болест).

ACS затоа препорачува да сите жени со просечен и зголемен ризик за рак на еднометриум, со почетокот на менопаузата, бидат информирани за ризиците и симптомите за ракот на еднометриумот (посебно неочекувано дискретно или поинтензивно генитално крварење), па треба да се охрабрат да веднаш го информираат својот лекар за новонастанатите симптоми и знаци за ракот.

Стандардна метода за рана дијагноза на ракот на еднометриумот и понатаму е биопсијата на ендометриумот со хистопатолошка анализа на земениот материјал со биопсијата.

Тестови за рано откривање на ракот на простатата

Според препораките на ACS се предвидува еднаш годишно одедување на нивото на ПСА (простатичен специфичен антиген) и дигитален ректален преглед (DRP) за мажите од 50-тата година на животот.

Мажите со зголемен ризик за рак на простата, чии роднини од прво колено боледувале од рак на простата во помлада возраст (<65 години), би требало да започнат со скрининг од 45-тата година од животот.

Кај мажите со уште поголем ризик за рак на простата (повеќе од еден роднина од прво колено со рак на простата) треба да го започнат скрининг тестирањето од својата 40 година. Во случај да е ПСА >1 ng/mL и <2.5 ng/mL се препорачува тестирање еднаш годишно. Ако е ПСА >2.5 ng/mL, потребни се понатамошни испитувања, т.е. биопсија на простата (кај лица кај кои се очекува да живеат најмалку 10 години).

Тестови за рано откривање на ракот на белите дробови

Во моментов, ниту ACS ниту друга медицинска/научна организација не препорачуваат тестирање и скрининг во цел за детекција на раниот рак на белите дробови кај асимптоматските пациенти, иако се лицата со зголемен ризик за овој вид на рак јасно идентификувани, а пушењето на цигари е еден од најопасните фактори на ризик.

Иако за сега нема препораки за скрининг за рак на белите дробови, се е појасна и поважна улогата на спиралната компјутеризирана томографија во детекцијата на раниот рак на белите дробови.

Важноста на скрининг програмот

Во 21 век очекуваното траење на живот, како и инциденцата и преваленцата на многу малигни заболувања е во пораст. Затоа детекцијата на ракот во раната фаза на болеста е од голема важност, бидејќи со тоа не само што се драматично подобрува преживувањето и тераписките можности, туку се смалуваат и трошоците на лекувањето.

Скрининг програмите со цел за рана детекција на најчестите карциноми се повеќе се од национална важност, па затоа и се почесто се спроведуваат како проекти на државно ниво.

Према американските податоци, недоволен број на возрасни лица се подвргнува на овие скрининг тестови, дури е и забележан пад во спореведувањето на некои скрининг тестови. Ова американците го препишуваат на здравствената заштита, која не е еднаква и достапна за сите пациенти, ниту на сите жители на САД, кои се здравствено осигурани.

Клучна улога секако имаат лекарите од општа пракса, односно матичните лекари, кои се главна алка и координатори во активирањето на што подолем број на пациенти за вакви акции и за реализација на самите скрининг тестови и програми.

Во секоја здравствена ординација по општа медицина би требало и би било корисно да се стават таблици со новите препораки за скрининг за рана детекција на најчестите карциноми.