• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Самопрегледот на кожата – клучен за рано откривање на рак на кожа Печати

Точната причина за појава на ракот на кожата не е позната, но се докажани некои фактори на ризик, кои ја зголемуваат можноста за појава на ова малигно заболување. Лицата кои имаат еден или повеќе фактори на ризик имаат поголеми шанси за развој на кожен карцином. Фактори на ризик за настанување на кожен карцином.

Како ризик фактори за рак на кожата се наведуваат:

  • Боја на кожата (почест кај белата раса, посебно кај лица со светол тен (светла бенкичава кожа), со сини или зелени очи, со црвена или светло сина коса. Позитивна фамилијарна анамнеза (наследни, генетски фактори)-почест кај лица кои имаат во своето семејство кожен карцином.
  • Возраст (честотата на немалигниот кожен карцином значително се зголемува по 50 годишна возраст. Повеќе од 95% од кожните кациноми се јавуваат кај пациенти над 40 годишна возраст.
  • Пол (почест е кај мажите во споредба со жените).
  • Претходни патолошки кожни состојби (почест кај лица со бемки на кожата, со сенилна кератоза на кожата, вирусна инфекција со папилома вируси, хронична инфламација или траума).
  • Изложеност на хемиски канцерогени супстанции (почест е кај работници кои се изложени на дим, парафин, асфалт и друго).
  • Изложеност на сончеви зраци и други извори на ултравиолетово зрачење (почесто се јавува во деловите на телото кои се изложени на сонце и други извори на УВ зрачење).
  • Изложеност на јонизирачко зрачење (почесто се јавува на петхоно озрачена кожа).
  • Имуносупресија (кожниот рак е за 16 пати почест кај пациенти кај кои е извршена трансплантација на бубрег, кај болни од СИДА и кај болни од рак што се лекуваат со хемотерапија и кортикостероиди).

Важноста на самопрегледот на кожата

Од голема важност за рано откривање на ракот на кожата е самопрегледот. Тој треба да се изведува еднаш месечно. Обично се изведува така што застануваме пред огледало и внимателно ја прегледуваме кожата по целото тело, вклучувајќи ја и кожата на стапалата.

Посебно, овие самопрегледи треба редовно да ги изведуваат лица кои имаат еден или повеќе фактори на ризик. Прегледот може да го изведуваме сами или со помош на член од нашето семејство. При самопрегледот треба да се следи АBCD правилото. Ако се примети било кој знак според ова правило, треба веднаш да се консултира дерматолог.

ABCD - правилото според англо-саксонската литература е:

  • асиметрија (Аssumetry),
  • ирегуларност на рабовите (Border irregularity),
  • промена на бојата или темно црна боја (Color variation or dark black colour),
  • дијаметар поголем од 6 mm (Diameter greater than 6 mm).
 

Прочитајте и: