• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Аденокарцином на желудник Печати

На мојот свекор му е направена биопсија на желудник ,разултатите се следните и ас би ве замолила да ми објасните што би требало да значи следново - Микроскопскиот преглед на доставениот биоптички материјал покажа присуство на повеќе ткивни фрагменти, кои претставуваат делови од средно диференциран инвазивен аденокарцином, кој според касификацијата на Лаурен спаѓа во интестиналниот тип на карциноми.

Би сакала и да ве прашам какво мислење имате за витаминот б17( лаетрил) , дали сметате дека може да биде некоја алтернатива во лекувањето и за печурките кои ги рекламираат, мислите ли дека имаат ефект?!

Дали вреди да се користи или не?!

Со оглед на наодот од биопсијата од промената на желудникот, кај твојот свекор се работи за аденокарцином или рак на желудник. Општо кога ќе се каже рак на желудник, се подразбира аденокарцином. Тоа е тумор кој потекнува од жлездените клетки на слузницата на желудникот и е најчест хистопатолошки тип на тумор на желудникот (95-97%).

Ракот на желудникот може да се јави во било кој дел од желудникот. Сепак, почесто се јавува на излезниот дел од желудникот (antrum) и на долната третина на телото на желудникот, отколку на почетниот и горните делови.

Клетките на ракот на желудникот може да бидат различно диференцирани. Така се разликуваат:

  • Gx - степенот не може да се процени;
  • G1 - добро диференциран тумор;
  • G2 - средно добро диференциран тумор;
  • G3 - лошо диференциран тумор;
  • G4 – недиференциран тумор.

Од степенот на диференцијацијата на раковите клетки зависи и прогнозата на болеста, односно агресивноста на ракот. Така оние тумори кои се добро диференцирани имаат најдобра прогноза, додека недиференцираните имаат најлоша. Кај твојот свекор е средно диференциран тумор, што значи дека има средна, ни најдобара, и најлоша прогноза. Секако прогнозата зависи и од многу други прогностички фактори, као стадиумот на болеста и многу други.

Како и да е, самиот наод за рак на желудник е доволен да вашиот свекор веднаш се јави на лекар и да отпочне со дополнителните испитувања, со кои ќе се утврди стадиумот на болеста, а со тоа и ќе се одреди и најадекватниот начин на лекување, кое се одредува индивидуално, за секој пациент одделно.

За ракот на желудникот имате многу опширно напишано на нашиот портал, тргнувајќи од причините и факторите на ризик, па се до тераписките опции. За ракот на желудникот имате во делот ТУМОРИ, под ДИГЕСТИВЕН СИСТЕМ, или линкот е овој:

Ракот на желудникот е многу сериозно заболување, кое често пати се дијагностицира во напреднат стадиум. Затоа ви советувам веднаш да се јавите на лекар, да побарате совет од хирург и онколог.

Што се однесува до витаминот и печурките, искрено неможам ништо конкретно да ви кажам, бидејќи тоа не е во доменот на мојата област. Сепак, ние сме онколози и работиме според медицина базирана на докази, односно базирана на бројн успешни клинички и научни студии.

Во последно време многу се говори за овие печурки. Многу компании ги рекламираат и даваат одредени студии за нивната ефиакасност. Како и да е, некои од нашите пациенти на своја рака ги користат. Но, јас лично неможам да ги препорачам, бидејќи не сум упатена во нивната корисност.

Се надевам дека ви одговорив на вашите прашања и би ви советувала што поскоро да се јавите на лекар и да започнете со терапија.

Поздрав.

Др.Л.Ацева.