• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Новости од областа на канцерот
Неуромодулација – современа терапија за болка

Брзиот развој на неуронауката, биоинженерингот и микроелектрониката, овозможиле примена на нови методи на лекување, обединети под името неуромодулација. Станува збор за иновативна технологија на целна примена на електрични или хемиски стумуланси на поедини групи на нервни клетки, со што нивната функција се менува во смисол на остварување на саканиот тераписки ефект. Во однос на терапискиот принцип, неуромодулацијата може да биде електрична или хемиска. Кај електричната неуромодулација, која уште е позната по називот неуростимулација, се користи нисковолтажна едносмерна струја, додека пак, кај хемиската неуромодулација се користат одредени лекови, најчесто морфинот (опиоиден аналгетик) и баклофенот (мускулен релаксатор). Акупунктурата е настара метода на неуромодулацијата.

Електична неуромодулација

Електичната неуромодулација (неуростимулација) подразбира континуирана стимулација на одредени делови на централниот, периферниот или автономниот нервен систем, со примена на нисковолтажна едносмерна струја која ја создава поставениот генератор. Елекричните импулси се спроеведуваат до местото на делување со систем на тенки поткожни електроди. Како резултат на тоа доаѓа до стимулирање, пригушување или ускладување на работата на стимулираните нервни клетки.

Користејќи ги овие механизми, електростимулацијата на нервните клетки во задните рогови на рбетниот мозок (т.н. неуростимулација на рбетниот мозок), доведува до прекин на спроведување на болните дразби, односно до неутрализирање на неуропатската болка. На прекинувањето на ненормалната и воспоставувањето на нормалната активност на нервните клетки во различните делови на мозокот (т.н. длабока мозочна стимулација) се базира примената на неуромодулацијата во лекувањето на неуропатска болка, депресијата, опсесивно-компулсивното пореметување, есенцијалниот тремор, дистонијата, Паркинсоновата болест. Неуростимулацијата на периферните нерви, нервните спретови или нивните корени, се користи во третман на фантомската болка или болката во ампутираниот екстремитет, кај уринарната и фекалната инконтиненција, сексуалните дисфункции и друго.

Неуростимулацијата на нервот вагус во пределот на вратот претставува нова форма на неуромодулаторната терапија, која се користи во лекување на тешките форми на епилепсија, кога со примената на максимални дози од лековите не е можно да се спречат епилептичните напади.

Хемиска неуромодулација

Хемиска неуромодулација претставува континуирана примена на одреден лек кој со помош на поткожно поставена пумпа се убризгува во интратекалниот (спинален, субдурален) простор кој е исполет со ликвор. Бидејќи ЦНС и рбетниот мозок „пливаат“ во течност (ликвор), лекот даден на овој начин по најкраток пат се поставува на местото на делувањето. При тоа, ефективната доза на лекот е 100 пати помала од онаа која би била потребна кога истиот лек би се дали преку уста.

Типичен пример е лекувањето на хроничната канцерска болка со континуирана интратекална примена на морфин. Со смалувањето на дозата на морфинот, даден на овој начин, се елиминираат и неговите несакани ефекти, а ефикасноста се дополннително зголемува со континуираната уедначена примена. Одредени лекови како што се баклофенот (мускулен релаксанс), единствено дадени на овој начин можат да во целост ги исполат своите тераписки делувања, без појава на несакани ефекти. Континуираната интратекална примена на баклофенот со помош на поткожно имплранирана пумпа, претставува единствен начин со кој успешно може да се лекува изразениот спазам и болката.

Целта на лекувањето е контролирана елиминација на спастичноста и спастичната болка, со што се создаваат оптимални услови за остварување на максимални резултати во физичката, психичката и социјалната рехабилитзација на болните.

Со оглед да неуромодулаторните методи на лекување се развиени со цел да се повторно воспостават пореметените фнкции на одреден систем во организмот, кои биле пореметени поради присутната болест, не е ни чудно што можностите на нивната примена се толку големи. Но, треба да се нагласи да овој вид на лекување не се користи како „терапија од прв избор“, туку само тогаш кога со другите методи на лекување не се постигнати задоволителени резултати.

Неуромодуларните методи се минимално инвазивни и реверзибилни методи.

За разлика од конвенционалните инвазивни хируршки методи на лекување кои доведуваат до трајни, а понекогаш и до мутилантни промени во организмот, неуромодуларните методи се минимално инвазивни и реверзибилни, што значи да во случај да не доведат до успех во лекувањето, тие не даваат трајни последици кои дополнително би го нарушувале функционирањето на болниот. Дополнителни погодности на неуромодуларните методи на лекување се тие што се апатартите-имплантати минијатурни (неруростимулатори, инфузиони пумпи, цевциња за доставување на лекот на местото на неговото делување) во целост се всадуваат во телото на болниот, а нивната работа се контролира и подесува целосно безболно преку кожата, со користење на телеметриска технологија. Клучниот ограничувачки фактор за примена на повеќето неуромодуларни методи, не вклучувајќи на тука ТЕНС (елетричната стимулација преку кожата) е високата цена на имплантатите.

Биоелектрична терапија

Биоелектричната терапија е безбедна опција за луѓето со болка. Ја отстранува болката блокирајќи ги информациите на болка до мозокот. При повреда, рецепторите за болка праќаат порака до централниот нервен систем, мозокот и рбетниот столб. Пораката е регистрирана и интерпретирана како болка од невроните во мозокот. Со употреба на биоелектрични струи, биоелектричната терапија го прекинува преносот на болни сигнали уште пред тие да стигнат до мозокот. Исто така со употребата на биоелектрични струи се ослободуваат ендорфини (супстанци кои предизвикуваат чувство на уживање, како при јадење чоколада) кои ја намалуваат болката.

Биоелектричната терапија може да се употреби за третман на акутна и хронична болка.

Биоелектричната терапија не е за секого. Не се употребува кај пациентите:

  • Кои имаат пејсмејкер.
  • Кои имаат тромбоза (крвни угрушоци во крвните садови на нозете и поретко рацете).
  • Кои имаат инфекција, бактериска, вирусна или габична.

Ефикасност на биоелектричната терапија

Со биоелектричната терапија се постига привремено подобрување на состојбата, но таа мора да биде дел од целосна програма за лекување на болка. Кога се употребува со стандардните лекови против болка, биоелектричната терапија може да ја намали дозата на лекови потребни за контрола на болката за 50%.

Опис на третманот

Неколку мали, рамни гумени лепливи дискови( електроди) се прилепуваат за кожата во региите кои треба да се лечат. Понекогаш се користат електроди кои ствараат вакум со кожата и на тој начин остваруваат подобар контакт. Електродите се приклучени за компјутер кој ја одредува прецизната доза потребна за третман. Низ електродите се пренесува високо-фрекфентна струја (околу 4000 херци) и истата се пренесува низ кожата не предизвикувајќи болка. За време на третманот се мери одговорот на пациентот на електричната стимулација.

Кога ќе се аплицира струјата, најчесто се чувствува блага вибрација. Ова чувство не треба да е непријатно, напротив истото ја намлува болката и пациентите се чувствуваат релаксирано. Доколку чувството на вибрација, пецкање стане прејако, пациентот треба да го информира докторот кој ќе го прилагоди третманот. Поединечна сеанса од третманот трае околу 20 минути.

Несакани ефекти

Во ретки случаи се јавува надразнување на кожата, и црвенило под електродите. Сериозни несакани ефекти досега не се регистрирани.

Број на сеанси

Бројот на сеанси кои ќе треба да се изведат зависи од индивидуалната состојба на секој пациент како и одговорот на терапијата. Една сеанса обично не доведува до отстранување на болката. Терапијата обично започнува со пет сесии неделно, наредната недела три третмани. Обично се потребни 16 до 20 сесии.

Подготовка за биоелектрична терапија

Потребна е претходна консултација со лекар доколку пациентот зема инсулин или лекови против згрутчување на крвта.

Можно е од пациентот да се бара да биде гладен пред изведувањето на процедурата, и да има придружник кој ќе го врати дома. Пациентот на смее да вози сам, особено по првите сеанси.

ТЕНС и Електротермална терапија

Електричната нервна стимулација и електротермалната терапија се употребуваат за намалување на болка предизвикана од различни состојби, на пример болка во грбот. Транскутаната (преку кожата) електрична стимулација обезбедува краткотрајно намалување на болката и е најчесто употребувана форма на третман со електрична стимулација.

ТЕНС (Транс кутана ( кутана-кожна) електрична стимулација)

ТЕНС се изведува со направа која содржи мала батерија која произведува ниско-волтажна електрична струја и ја пренесува низ кожата преку електроди сместени близу до болниот дел од телото. Овој електрицитет од електродите ги стимулира нервите во зафатената болна област и праќа сигнали до мозокот кои ја маскираат перцепцијата за болка. ТЕНС е безболна метода и е докажана во терапија на болка.