• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Миом на матка Печати

Миомите се бенигни израстоци од мазното мускулно ткиво на матката. Се јавуваат кај 20 - 50% од сите жени. Секоја трета жена, по 35-тата година од животот, има миом. Миомите растат на различни места и делови на матката.

Така се разликуваат:

  • Субсерозен миом (миом кој е локализиран на самата површина на матката и е прекриен со нејзината серозната обвивка),
  • Интрамурален миом (миом кој расте во внатрешноста на sидот на матката),
  • Субмукозен миом (миом кој расте под слузницата на матката).

Миомите на петелка се најчесто субсерозни миоми кои се прицврстени за матката со потенка или или или подебела петелка. Миом кој „се раѓа“ е субмукозен миом на петелка кои излегува низ грлото на матката во вагината, па може да се види со обичен гинеколошки преглед. Освен што можат да бидат локализирани на самото тело на матката, миомите може да се локализирани и во грлото на матката.

Причината за настанувањето на миомот не е сеуште позната, но со оглед на фактот што миомите јавуваат во репродуктивниот период на жената и што нивната големина се намалува во постменопаузалниот период, сето тоа зборува во прилог на естрогената зависност на миомот. Тоа укажува дека во навното настанување голема улога имаат половите хормони на жената (естроген и прогестерон). Тоа го докажува и фактот што миомите се осетливи на антиестрогената терапија.

Симптоми на миомите

Поголем број на жени немаат никакви симптоми и кај нив може миомот случајно да се открие, при рутински гинеколошки преглед. Поголемите миоми можат да пердизвикаат неправилни, интензивни и продолжени крварења пратени со анемија, како и чувство на притисок во стомакот или чувство на надуеност. Понекогаш миомите ги притискаат околните органи како: мочниот меур и дебелото црево и на тој начин да предизвикуваат одредени тегоби. Чести се и болки во слабините.

Дијагноза на миомот

Дијагнозата на миомот се поставува врз основа на детален гинеколошки преглед и со трансвагинален ултразвучен преглед. Доколку миомите не предизвикуваат поинтензивни тегоби, доволни се само редовни рутински гинеколошки контроли. Во текот на бременоста, со оглед на зголеменото ниво на естрогенот, постоечките миоми можат брзо да растат. Поради тоа, миомите често може да бидат причина за спонтани абортуси или дури и за неплодност, зависно од локализацијата на миомот и од тоа колку миомот ја изобличува шуплината на матката. Во менопаузата, со престанокот на функцијата на јајчниците и смалената продукција на половите хормони, обично миомите се целосно повлекуваат.

Лекување на миомите

Доколку се миомите мали и не предизвикуваат никакви симптоми, не е потребно нивно лекување. Во тие случаи потребни се само редовни рутински гинеколошки контроли. Но, кај поголемите миоми, денес може да се пристапи кон медикаментозна – хормонска терапија со GnRH-агонисти, кои прават т.н. медикаментозна кастрација, односно го спречуваат стварањето на половите хормони од јајчниците. На тој начин жената, на вештачки начин, се „префрла“ во постменопауза. Најчесто применувани GnRH-агонисти се (Zoladex, Enantone Depot, Decapeptyl). Со падот на нивото на естрогенот во крвта, се намалува и протокот на крвта во матката, а со тоа и се намалува исхраната на миомот. На тој начин доаѓа до намалување и скврчување на миомот. НА овој начин, многу жени можат да ја избегнат операцијата или да предоперативно го намалат протокот на крвта во миомот и неговата големина, со што и операцијата ќе биде полесно изводлива и поподнослива, со далеку помалку губиток на крв при операцијата. Терапијата со GnRH-агонистите трае од 3 до 6 месеци.

Доколку се миомите многубројни или доколку често се повторно јавуват и покрај примената на медикаментозната терапија и предизвикуваат изразени симптоми кај жената, најдобро е тие оперативно да се отстранат. Најчесто се спроведува хируршко отстранување на целата матка (хистеректомија) или поретко, во внимателно селектирани случаи, се отстранува само миомот (миомектомија). Оперативните методи на отстранување на цистите и миомите на матката во поново време се значително усовршени, така да во многу случаи не е потребен класичен рез, туку цистите и миомите се отстрануваат со т.н. минимално инвазивни хируршки зафати, т.е. по лапароскопски пат. предностите на лапароскопскиот начин на оперативно отстранување на миомите се многубројни: подобар козметички ефект, помал ризик од несакани последици од операцијата, побрзо опоравување на пациентката и пократок престој во болница.