• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Причини и ризик фактори за настанувањето на карциномот на тестисот PDF Печати

Сеуште не се познати причините за појавата на карциномот на тестисот, но познато е дека некој лица имаат поголем ризик да заболат од оваа болест.

Ризик фактори за карциномот на тетсисот се:

Фамилијарна историја на болеста (генетска предиспозиција)

Ризикот е поголем кај оние лица кои имаат член од блиското семејство со карцином на тестисот.

Раса

Карциномот на тестисот почесто се јавува кај белата раса отколку кај црната и азијатите.

Неспуштен тестис (крипторхизам)

Можноста за појава на карцином на тестисот покасно во текот на животот е околу 10-14 пати поголема кај лицата кои имале неспуштен тестис во скроталната кеса во однос на другите. Доколку тестисот не се спиштил спонтано или со операција до 7 годишна возраст, постојат поголемо шанси за појава на карциномот на тестисот. Затоа се препорачува операција пред појава на пубертетот, која значително го намалува ризиклот. Кај 10% од пациентите со карцином на тестисот бил присутен крипторхизмот.

Претходен карцином на тестисот

Пациентите кои веке имале карцином на едниот тестис се со поголем ризик да разијат и карцином на другиот тестис. Тој ризик сепак е мал и е околу 1-2%.

Постојат и одредени медицински состојби кои ако се јават во тек на детството го зголемуваат ризикот.Тоа се: ингвинална хернија, прележана инфекција на тестисите со мумпс вирусот, тестикуларна торзија.

Можни ризик фактори се и изложеност на јонизирачко или електромагнетно зрачење.