• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Прекумерна изложеност на сонце - ризик за кожен рак Печати

Се смета дека изложувањето на сончевите зраци и на другите извори на ултравиолетово зрачење е најголем фактор на ризик за настанување на кожниот карцином.

Преку 90% од случаите на рак на кожата се јавува на површини кои се редовно изложени на сончевите зраци или на други извори на ултравиолетово зрачење. Немаланомскиот рак на кожата (базоцелуларниот и планоцелуларниот карцином) обично се јавува на површините на кожата кои се често изложени на сонце, додека пак меланомот најчесто се јавува на кожата на грбот кај мажите, и на кожата на нозете кај жените.

Но, не треба да се заборави дека и неприродните извори на УВ зраци, како што се лампите за сончање и солариумите, можат да бидат причина за појава на кожен рак.

Докторите сé почесто предупредуваат на штетното делување на солариумите. Иако, Светската здравствена организација (СЗО) ги прогласила солариумите за канцерогени, тоа не ги спречува многу луѓе да, заради добивање на исончан, темен тен, одат на третмани во солариум.

За да се намали ризикот за рак на кожа треба што е можно помалку изложување на сонце.

Америчката дерматолошка академија (ААД) и Фондацијата за рак на кожата ги препорачале следниве чекори за избегнување на ракот на кожата:

  • Што е можно помалку изложувајте се на сонце, посебно во период од 10 часот наутро до 4 часот попладне.
  • Нанесувајте заштитни креми за сонце, најмалку со фактор SPF-15 (Sun Protection Factor) или поголем, кој штити од УВА и УВБ зраците, на сите површини на кожата, кои се изложени на сончевите зраци.
  • Нанесувајте ја заштитната крема на секои два часа, дури и во облачните денови.
  • Повторно нанесете заштитна крема, по пливање или потење.
  • Носите облека која го покрива телото, како и капи кои го штитат лицето. Шеширите треба да го засенуваат и лицето и задниот дел од вратот. Носењето на заштитни наочари за сонце ќе ја намалат количината на зраците кои доаѓаат до окото, филтрирајќи дури и до 80% од зраците, со што се штитат и очите, посебно очната леќа.
  • Избегнувајте сончање во солариум.
  • Заштитите ги децата. Децата се посебно осетливи на сончевите зраци и често кај нив може да дојде до изгоретини поради прекумерно изложување на сонце. Детската кожа е нежна и побрзо гори. Затоа, децата треба да се заштитат така што нема да се изложуваат на сонце во период кога е тоа најјако, односно од 10 часот наутро до 4 часот попладне. Обилно и често нанесувајте креми за сончање кај децата на возраст од 6 месеци и постари.
    Не користите заштитни креми за сонце кај деца помали од 6 месеци, а ќе ги заштитите на тој начин што ќе го ограничите нивното изложување на сонце.
  • Запамтете: Песокот и камењета ги рефлектираат сончевите зраци, дури и кога сте под чадор за сончање. Снегот посебно добро ги рефлектира сончевите зраци, па затоа треба да се внимава при скијање.
    Рефлектирачките површини можат да рефлектираат дури и до 85% од штетните сончеви зраци.

Во рамките на активностите на Европската заедница за борбата против ракот, издаден е т.н. „Европски кодекс против ракот“, кој се состои од неколку препораки.

Одредени видови на рак може да се избегнат со следиве препораки:

  • Не пуши!
  • Умерено конзумирај алкохол!
  • Избегнувај прекумерно изложување на сонце!
  • Следи ги здравствените и сигурносните инструкции на упатствата на канцерогените агенси!
  • Избегнувај прекумерна телесна тежина!
 

Прочитајте и: