• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Зошто јогуртот е хранлив?

Хранливите состојки во јогуртот настануваат во процесот на ферментацијата на млекото. Под дејство на микроорганизмите се зголемува нивото на млечната киселина, а умерено се намалува количината на лактозата. Ова го објаснува фактот дека луѓето, кои имаат проблеми со варењето на млекото, многу полесно го поднесуваат јогуртот.

Во создавањето на јогуртот учествуваат две главни бактерии: Lactobacillus bulgaricus и Streptococcus thermophilus.

Една од предностите на јогуртот е што помага во борбата против малигните тумори. Истражувањата на Американскиот институт за рак покажуваат дека луѓето кои пијат јогурт живеат подолго. Причината за позитивното влијание на јогуртот е корисното дејство на бактериските култури врз желудникот и цревната флора. Постојат докази дека токму тука лежи еден од важните фактори на долговечноста.

Секојдневното консумирање на јогурт доведува до намалување на бројот на настинки и други инфекции на горните дишни патишта.

Јогуртот со своите активни бактериски култури го спречува воспалението на матката кај жените, особено воспалението предизвикано од габичните инфекции.

Благодарение на високиот процент на калциум во јогуртот, тој помага и во превенцијата на остеопорозата.

Она што е особено важно за јогуртот е што содржи живи бактериски култури и што не е штетен и за лицата кои не поднесуваат лактоза.

Јогуртот е особено корисен кога се земаат повеќе лекови, затоа што тој ја штити цревната флора од штетното дејство на лековите.

Јогуртот го зајакнува имунитетот

Јогуртот го јакне имунитетот, ја зголемува отпорноста на организмот према грип, настинка и други заразни заболувања на дишните органи. Некои медицински истражувања покажале дека во организмот на луѓето, кои секојдневно пиеле по 400 милилитри јогурт, под дејство на јогуртот се стварал 2 до 3 пати повеќе гама интерферон, отколку кај оние лица кои не пиеле редовно јогурт. Тој гама глобулин го зголеува имунитетот на организмот.

Внесувањето на јогуртот во организмот ја поттикнува работата на најмалку два важни фактори на имунитетот: природните клетки – убици и гама интерферонот. Истражувањата на луѓето покажаа дека дневниот внес на две чаши јогурт (кој содржи живи и активни бактериски култури ) е сосема доволен за нивото на интерферон да се зголеми за дури и до пет пати.

Др. Џозеф Шимека, нутриционист во Крафт Џенерал Фудс објаснува дека природните клетки – убици кружат во организмот и ги уништуваат штетните агенси како во видеоигрите.

Консумирањето на јогуртот се препорачува при општа исцрпеност на организмот, при слабокрвност, при заболувања на црниот дроб, на бубрезите и на срцето, како и при чир на желудникот. Исто така, јогуртот се користи и во медицината, конкретно за спречување на пролив предизвикан од антибиотиците и за лекување на проблемите на системот за варење.

Јогуртот и цревната флора

Цревната флора е еден од столбовите на имунитетот и затоа ако сакаме да бидеме здрави и долговечни, треба да пиеме јогурт. Јогуртот помага во одржувањето на равнотежата на цревната микрофлора, но тоа го прави само оној јогурт кој содржи активни јогуртни култури. Но, не грижете се, тоа не значи дека ви е неопходен некој специјален јогурт, само треба да се знае дека овааа корисна особина на јогуртот се губи кога тој е подложен на смрзнување или на висока температура.

Јогуртот ја намалува телесната тежина

Со додавање на јогуртот во исхраната се забрзува губитокот на телесната тежина и се намалува обемот на стомакот. Бројни истражувања покажале дека исхраната со намалено внесување на калциум доведува до побрзо дебелеење, бидејќи масните клетки стануваат поголеми и помасни.

Научниците докажале дека гојазните лица, кои воведуваат три оброци со јогурт без масти, губат 25% повеќе тежина и 60% повеќе телесна маса, отколку лицата кои не внесуваат доволно калциум со исхраната. Лицата кои пијат јогурт губат 81% повеќе масти од стомакот, отколку лицата кои не пијат јогурт.

Јогуртот претставува многу хранлива намирница, но треба да се биде претпазлив при изборот на јогуртот. Јогуртот со додатни пробиотски култури е здрав, но дозволената дневна количина од овој јогурт е 250 милилитри (една чаша), освен ако не сакате некои посериозни стомачни проблеми. Од овој јогурт може да земете само една чаша, а останатите две чаши би требало да бидат од обичен јогурт, без додатоци.

Јогуртот содржи и доста белковини од животински потекло, како и некои витамини и минерали. Доколку водите сметка за својата телесна тежина, или имате проблем со нивото на холестеролот во крвта, може да се определите за јогурт со помалку масти.

Јогуртот и остеопорозата

Освен што благотворно делува на варењето на храната, јогуртот е богат со калциум, кој е многу важен за правилниот раст и развој на коските. Јогуртот е битен извор на калциум, кој е посебно важен за правилниот раст, развој и одржувањето на цврстината на коските. Посебно, јогуртот е важна намирница за децата и адолесцентите. Игра важна улога и во превенцијата на остеопорозата, која ја погодува секоја трета жена и секој осми маж. Покрај тоа, јогуртот содржи и витамин Д, кој е неопходен за апсорпцијата на калциумот, како и млечна киселина, која, исто така, овозможува подобра апсорпција на калциумот.

Јогуртот и жените

Истражувањата докажале дека жените кои неделно пијат барем 4 шољи јогурт се поотпорни на габични и вагинални инфекции. Покрај тоа, јогурот помага во одржувањето на киселата средина во вагината.

Јогуртот и забите

Редовното консумирање на јогурт, како и на друга храна која содржи млечна киселина, е добро за здравјето на непцата, заклучиле јапонските истражувачи од Универзитетот Кјушу. Јапонските научници сметаат дека благотворниот ефект на јогуртот врз здравјето на десните на забите, веројатно е резултат на пробиотското делување на бактеријата „lactobacillus“, која ја има во намирниците богати со млечна киселина. Истражувањето покажало дека со редовното консумирање на јогурт може да се спречи настанувањето на хроничните заболувања на десните, како на пример настанувањето на парадентозата.

Јогуртот и непријатниот здив од устата

Ефикасно средство против непријатниот мирис од устата се две чаши јогурт дневно.

Неодамнешните истражувања на американските научници покажале дека активните состојки на јогуртот ефикасно ги уништуваат причинителите на непријатниот мирис од устата. После само две недели пиење јогурт, во наслагите во устата на доброволците дошло до значително намалување на бројот на бактериите кои предизвикуваат непријатен здив, како и до намалување на хидроген сулфатот, главен кривец за непријатниот здив од устата. Ова намалување е околу 80% и тоа е постигнато со само 2 до 3 децилитри јогурт дневно. Покрај тоа, јогуртот довел и до намалување на вкупните наслаги во устата, како и до подобрување кај оние лица кои пателе од гингивит (воспаление на гингивите).

 

Прочитајте и: