• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Со храна до појак имунитет

Како храната влијае на отпорноста на организмот?

Она што го јадеме може силно да влијае врз функцијата на белите крвни зрнца кои се природни одбрамбени клетки на организмот против инфекциите и ракот.

Белите крвни клетки можат да бидат:

  • неутрофилни леукоцити, кои ги проголтуваат и убиваат бактериите и другите инфективни агенси, како и канцерските клетки,
  • лимфоцити (Т - лимфоцити, Б - лимфоцити и природни клетки-убијци).

Б – лимфоцитите создаваат антитела кои се од клучна важност затоа што директно ги напаѓаат штетните микроорганизми и агенси од надворешната средина.

Т – лимфоцитите управуваат со многу имунолошки активности и создаваат хемиски состојки кои ги уништуваат бактериите, вирусите и туморските клетки.

Природните клетки – убијци се прва линија на одбраната од рак – ги уништуваат клетките заразени со вирус и оние со канцерски промени.

Бројните истражувања покажуваат дека со помош на разновидната здрава храна можат да се регулираат бројот и функцијата на белите крвни клетки. На овој начин храната го поттикнува имунолошкиот систем и го подобрува неговото дејствување.

За да се одржи доброто здравје во текот на зимските месеци, особено е важно да се консумираат свежи сезонски намирници, богати со ензими, витимини и минерали, кои ќе му помогнат на организмот полесно да се справи со нападите од вирусите и бактериите.

Погрешно е верувањето дека храната богата со масти ве штити од ладното во текот на зимата. Заситените масти и рафинираните шеќери само го забавуваат метаболизмот и ја ослабнуваат одбрамбената способност на организмот.

 

Прочитајте и: