• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Новости од областа на канцерот
Во иднина лекарите ќе се борат со ракот на ниво на клетка

Проточната цитометрија ги осветлува патиштата на сигналните протеини, покажуваат оптимистичките резултати на новата клиничка студија. Проточната цитометрија овозможува да се идентификуваат одделните клетки преку идентификација на површинските белези и нивно сортирање.

Разбивањето на комплексните карциноми до ниво на поедини клетки и проучувањето на сигналните случувања неопходни за почеток и напредување на болеста е нов пат и надеж за подобра дијагноа и лекување на ракот, опишано е во новиот извештај на клиничката студија.

Истражувачите ја проучувале јувенилната миеломоноцитна леукемија користејќи ги предностите од неодамнешниот напредок во проточната цитометрија, техника која овозможува детална анализа на поедини клетки, и која можела да им овозможи на научниците истовремено мерење на типот на клетките и сигналните патишта. Истражувачите ги објавиле своите резултати во октомврското издание на часописот Cancer Cell.

Проточната цитометрија им помогнала на истражувачите да направат профил на сигналните патишта на ниво на поедини клетки, кај децата со јувенилната миеломоноцитна леукемија, агресивно малигно заболување кое тешко се дијагностицира и има комплексен молекуларен профил. Резултатите го вклучувале STAT5 сигналниот потпис кај повеќето пациенти со ЈММЛ, што упатува на клучната улога на JAK-STAT сигнализирањето во биолошкиот механизам на овој карцином у упатува на потенцијалните мети за идните методи на лекување.

„Ова истражување успешно го користеше профилирањето на поедините клетки за пратење на пациентите за време на болеста и го опишуваше статусот на болеста кај јувенилната миеломоноцитна леукемија - при дијагнозата, во ремисијата, во релапсот и трансформацијата на болеста, - на што упатуваше подтипотот на клетите со абнормален сигнален профил“, изјавил еден од авторите на оваа клиничка студија Dr. Mognon L. Loh од Универзитетот во Калифорнија.

„Мерејќи го тоа како сигналните протеини одговараат на одредени стимуланси кај дијагнозата и како тие се менуваат кај резистентните карциноми, ние во основа ги пратиме клучните патишта кои карциномите ги користат во своето сопстевено растење“, изјавил Dr. Garry P. Nolan од Универзитетот во Станфорд.

„Предноста на дијагностицирањето на карциномот кај пациентот на ниво на поеднини клетки ни овозможува нов пристап за рано откривање на ракот и дава увид во тоа како карциномскте клетки одговараат на спроведената терапија или како тие се прилагодуваат на неа, односно стануваат отпорни на терапијата.

Нуспродукт на техниката на ниво на поедини клетки, кога техниката ќе се прошири, ќе биде можноста да се, со тек на време, да се предвидат тие патишта на карциномските клетки, што би можело да се искористи за надминување на моменталните начини на лекување и да се спроведат други, поуспешни начини на лекување, објавено е во HealthDay.

 

Најчитани наслови