• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Тиква – симбол за регенерација и долговечност

Тиквата е одамна позната како симбол за регенерација и долговечност.

Меснатиот дел од плодот на тиквата изобилува со бета каротен и витамин Е. Тие се силни антиоксиданси и се важни за превенција и борба против ракот.

Благодарение на целулозата која ја содржи тиквата, таа поседува и пургативно својство, односно способност за прочистување на организмот од штетните отпадни материи.

Тиквата е добар лаксатив и помага при лекувањето на воспалителните промени на цревата и го спречува ракот. Се препорачува и за лекување на акните.

Богатството на природно избалансираните витамини и минерали во ткивата придонесува за зајакнување на отпорноста на телото и за поголема ментална свежина и виталност.

Семките од тиква содржат околу 30% незаситени масни киселини и богати се со минерали, као железо, цинк, фосфор и селен, кои се јаки антиоксиданси.

Најважното лековито декство на маслото од семки од тиква е подобрување на функцијата на простатата. Се препорачува да се користи како нерафинирано масло за салата и да биде често присутно во исхраната кај мажите.

Покрај тоа, маслото од семките од тиква влијае и на зајакнувањето на потенцијата, го забрзува постоперативното закрепнување и ја подобрува и општата состојба на организмот.

Со грицкање на семки од тиква се внесуваат многу здрави хранливи материи: протеини, незаситени масни киселини, растителни влакна, витамини и минерали.

 

Прочитајте и: