• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Калинка – богат извор на антиоксиданси

Калинките личат на црвените крвни зрнца и имаат широк спектар на лековитост. Тие се добар извор на антиоксиданти. Многу клинички студии ја испитувале превентивна улога на калинката кај ракот на простатата, ракот на кожата и ракот на дојката. Исто така, многу студии докажале дека калинките го забавуваат развојот на ракот.

Калинката е полна со антиоксиданти, витамини А, Б5, Ц, Е, калиум, фолна киселина и железо. Може да помогне и кај лицата со срцеви заболувања. Една чаша сок од калинка го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести.

Исто така, калинката помага и во намалувањето на симптомите поврзани со стареењето. Фитоестрогените од семките можат да ги намалат симптомите од менопаузата и постменопаузата, вклучувајќи ги и топлотните бранови. Таа е една од малубројните растенија кои содржат материи слични на естрогените.

Калинката содржи голема количина фенолна елагична киселина. Оваа фитохемикалија е силен антиоксидант и делува против ракот. Истражувањата покажаа дека делува во превенцијата на најраните хемиски реакции кои можат да доведат до рак.

Растителните хормони кои се наоѓаат во калинката го намалуваат ризикот за појава на рак на простата.

Една студија покажала дека калинката може да доведе до намалување на вредностите на ПСА во крвта. За подобрување на ПСА вредностите неопходно е да со месеци се пие секојдневно по 250 мл сок.

Сепак, има мал број на студии кои ја испитувале улогата на сокот од калинка во превенција и спречување на ширење на ракот на простатата, па затоа се потребни дополнителни испитувања, за да со сигурност се открие дали тој навистина дава одреден бенефит кај пациенти со рак на простата.

Во однос со другите сокови, виното како и зелениот чај, калинката односно нејзиниот сок, содржи најмногу антиоксиданти. Тие го штитат телото од слободните радикали кои се наоѓаат во крвта. Слободните радикали го менуваат холестеролот во процесот на оксидацијата, за која се смета дека го забрзува процесот на задебелувањето на крвните садови и ја намалува нивната еластичност. Истражувањата покажаа дека сокот од калинка ја намалува оксидацијата на холестеролот.

 

Прочитајте и: