• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Алтернативи методи кај канцерот
Кантарионот како природен лек Печати

Латинско име на кантарионот е Hypericum perforatum.

Како изгледа кантарионот?

Кантарионот е повеќегодишна билка со силно разгранет корен. Може да израсне до висина од 1метар. Стеблото на кантарионот е исправено и цврсто, со гранчиња на кои се наоѓаат јајчевидни листови. Листовите се прошарани со карактеристични точки, кои всушност се жлезди богати со етерични масла. Цветовите на кантарионот се по боја жолти и се наоѓаат на врвовите на стеблото. Од долната страна имаат црни точки.

Каде расте кантарионот?

Кантарионот расте на сончеви ливади, на пусто и необработено земјиште и на суви ридести предели.

Кантарионот како лек од природата

Најмногу се берат цветовите и листовите на кантарионот, бидејќи тие содржат и најмногу лековити својства. Кантарионот се бере за време на цветањето (во мај и јуни). Тој содржи голема количина на етерични масла, танини, смола, црвена боја (хиперицин), каротен, холин, витамин Ц, трагови од алкалоиди и други лековити состојки.

Лековитите состојки на кантарионот благотворно делуваат при многу здравствени пореметувања во човечкиот организам.

Кантарионот има антисептични својства. Така, кантарионовото масло, во традиционалната и народна медицина, се користи како средство за дезинфекција, за побрзо заздравување на посекотините, изгорениците, за зараснување на рани.

Исто така, кантарионовото масло се користи и во козметиката за заштита и нега на кожата. Често се користи за масажа на лицето и телото, во лекување на акни, чиреви на кожата, а се додава и во кремите за нега на сува и перутава кожа.

Кантарионот делува и како аналгетик (природен лек против болка). Облозите од кантарион се користат за намалување на болките при повреди на мускулите, при оток и хематом (поткожно крварење при повреда), исчашувања на зголобовите, како и при многу други заболувања на коскено-зглобниот систем (реума, дегенеративен реуматизам – артроза на рамо, колено, колк, при метаболен реуматизам-гихт, при лумбаго и ишијас).

Во народната медицина, чајот од кантарион се користи за лекување на болестите на дишните патишта (хроничен бронхит, астма, кашлица). Чајот од кантарион помага и при болести на мочниот меур, на црниот дроб, на слезенката и на жолчната кеса.

Кантарионот е докажан како ефикасен природен лек против стомачните тегоби (кислеини во желудникот, гастрит, цревни грчеви, цревни паразити и хемороиди), како и лек за побрзо заздравување на површинските рани.

Кантарионот делува и како благ седатив, за лекување на лесни форми на депресија, напнатост и нервоза.

Но, една германска студија покажала дека кантариониот е корисен е и за лицата кои страдаат од тешки форми на депресија.

Истражувањето го спроведе доктор Клаус Линде заедно со колегите од Универзитетот во Мерлин, а е направено врз 5 500 пациенти заболени од тешка депресија. Др. Линде дошол до овие резултати со споредување на дејството на кантарионот и дејството на плацебото, како и на дејството на некои антидепресиви.

Кантарионот се покажал како поефикасен од плацебото (лажен лек), па и од некои антидепресиви кои се користат за лечење на депресија.

Освен тоа, истражувачите истакнуваат дека кантарионот има нема пропратни несакани ефекти, кои може да се јават при терапија со лекови за депресија.

Во Германија кантарионот редовно им се препорачува на пациентите кои страдаат од депресија.

 

Најчитани текстови