• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Дали КТ скенот е безбеден? Печати

На ехотомографскиот преглед на абдоменот видени ми се зголемени лимфни јазли околу аортата. Мојот лекар ми препорача да направам КТ скен. Ме интересира дали КТ скенот е безбеден и дали при КТ скенирањето организмот е изложен на големо зрачење.

КТ е безболна, неинвазивна метода. Таа е брза и едноставна метода и не е потребна некоја посебна поготовка на пациентот.

КТ-скенот е многу попрецизна дијагностичка метода во однос на ехотомографијата.

Со помош на КТ скенот може да нема потребата од инвазивна, експлоративна хирургија и хируршка биопсија. КТ скенот може ги прикажува нормалните и абнормалните структури во телото, со што е многу важен алат поставување на прецизна дијагноза, за водење на тенко-иглена биопсија и други минимално инвазивни процедури, како и за планирање на радиотерапискиот теретман (зрачната терапија).

При КТ скенирањето, пациентот е изложен на минимално зрачење со на х-зраци. Корисноста од оваа дијагностичка метода, како и нејзината голема точност во поставувањето на дијагнозата, во голема мера го надминува ризикот од зрачењето. Зрачењето од КТ е контролирано и точно дозирано и одговара на зрачењето на околината (телевизија и сл.) на кое сме изложени во период од три години.

Сепак, жените треба секогаш да го информираат лекарот доколку постои можност да се бремени. Доилките треба да го прекинат доењето најмалку 24 часа по инјектирањето на инекција со контаст.

Ризикот да се јави тешка алергиска реакција, предизвикана од контрастот е многу мал, но доколку се случи тоа, современите дијагностички центри имаат искуство и специјална антиалергиска програма за справување со алергиските реакции.

Затоа ви препорачувам да го послушате советот на вашиот лекар и да направите компјутреска томографија на абдоменот.

Д-р Л. Ацева.

специјалист радиотерапевт и онколог