• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Почетокот на годината е идеално време за детоксикација на организмот

Ретки се оние кои за време на новогодишните и божичните празници успеале да им одолеат на своите омилени јадења и алкохолни пијалоци. За време на празниците се јаде обилно и, често пати, доста нездраво. Токму затоа, по овие празници во кои сме претерале со храната и пијалоците, е право време за темелно чистење на организмот.

Детоксикацијата е процес на чистење на организмот од отрови (токсини), кои го намалуваат имунитетот и ја зголемуваат веројатноста од заболување. Практикување на детоксикацијата два пати годишно станува скоро неопходно, а секако е и препорачливо. Имено, ако го разгледаме начинот на живот на повеќето луѓе, состојбата е таква да сме изложени на храна богата со пестициди и хормони, јадеме премногу месо и месни производи, бел шеќер и други рафинирани намирници, живееме во загадена средина, вдишуваме загаден воздух, пушиме и консумираме преголеми количини на алкохол.

Во борбата против токсините првенствено учествуваат бубрезите, црниот дроб и цревата, па затоа тие органи заслужиле повремено да им овозможиме да се опорават. Многу луѓе не знаат дека детоксикацијата е добра и за менталното здравје, бидејќи на тој начин се намалуваат и последиците од прекумерниот стрес.

Пред детоксикацијата не е лошо еден ден да се пости, односно да се пие само вода и растителни чаеви.

Во текот на детоксикацијата се препорачува е да се јаде едноставно припремена храна: свежо овошје и зеленчук, сокови од свежо изрендано или пасирано овошје и зеленчук (концентрилрани или разредени со вода), топли супи од зеленчук, зеленчук варен на пареа или во вода, или лесно динстан на нерафинирано маслиново масло. Се препорачуваат и салати зачинети со лимонов сок и маслинов зејтин, а и другата храна се препорачува да е слабо зачинета (да се избегнува сол, црн пипер и други јаки зачини, а дозволени се лековити растителни зачини).

Се пепорачува дневно да се внесува 3 литри на течност во форма на супи, сокови, чаеви и чиста вода. Oд чаеви се препорачуваат: чај од коприва, од бреза и од глуварче.

Ако се плашите дека ќе бидете гладни или слабо ќе се чувствувате, не грижете се. Соковите се идеални бидејќи освежуваат, а не го оптеретуваат организмот. Но, бидејќи сме навикнати да јадеме цврста храна и бидејќи од овошјето и зеленчукот брзо се огладнува, во текот на детоксикацијата можеме да јадеме житарици како на пример: интегрален ориз, јачмен, просо, пченица, пченка.

Треба да избегнуваме протеини, а ако тоа ни е премногу радикално, треба да се обидеме да избегнуваме барем месо и тоа да го замениме со немасни јогурти или со производи од соја.

Доколку изберете десетдневна детоксикација каква што се препорачува, поделете ја во 3 фази.

Во текот на првата фаза концентрирајте се на бубрезите, во втората фаза на црниот дроб, а во третата фаза на цревата.

Во првата фаза на детоксикација, посветна на бубезите, главна намирница е магданосот. Магданосот е природен диуретик кој може да се исецка и од него да се прави сок или да се издинста на масло како главно јадење.

Во втората фаза се форсираaт зелениот зеленчук и салатите, посебно горчливите: рикола, радич, темноцрвените и темнозелените горки салати, како и растенија како шпарога и глуварче (ги нема во овој период на годината, но добро е да се знае за пролетната детоксикација).

Во последната, третата фаза, која е посветена на цревата, во телото внесуваме повеќе влакна: јаболка, ротквица, корабице, лук и кромид (посебно млади, со зелени лисја, кои можат да се најдат во текот на целата година).

Пробајте да јадете што повеќе свежо овошје и зеленчук

Освен јаболко и лимон, се препорачува и следново овошје: грозје, круша, ананас, грејпфрут, цреши и зрнесто овошје. Освен зелен листест зеленчук се препорачува и краставица, пиперка, артичок и скоро сите видови на коренест зеленчук.

По детоксикација следува преминување кон уравнотежена, здава исхрана, при што треба да се биде умерен во консумирањето на месо. Сувомесните производи треба што повеќе да се избегуваат. Наместо тоа, се препорачува риба.

Секако за сето ова е потребно многу труд, но кога еднаш ќе почнете, ќе ве изненади фактот дека ваквиот начин на исхрана не мора да биде ниту многу скап ниту комплициран. Обидете се да се поврзете со помалите произведувачи на еко производи кои ќе бидат среќни да имаат редовни купувачи. Немалете го алкохолот, кафето, рафинираниот шеќер, сол, ориз и масло, бело брачно и тестенините од бело брашно. Редовно вежбајте и доволно спиете, бидејќи потењето и сонот, исто така, се ефикасен начен за отстранување на отровите од организмот.

 

Прочитајте и: