• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Симптоми и знаци на ракот на простата PDF Печати
Четврток, 29 Мај 2008 09:01

Во раниот стадиум, карциномот на простатата често може да биде асимптоматски т.е. да не даде никакви симптоми. Затоа, во многу случаи, тој се открива дури кога ќе се прошири надвор од простатата, во околните ткива, или ќе се прошири во други ткива и органи во телото т.е. ќе даде оддалечени метастази.

Сепак најчести симптоми и знаци на болеста се:

  • често мочање, посебно ноќе
  • тешко започнување на мочањето
  • тешко запирање на мочањето
  • подолготрајно мочање поради послаб млаз на мочта
  • испрекинато мочање и капење на мочта по завршување на мочањето
  • печење и болка при мочањето
  • чувство на полн мочен меур по мочањето
  • потреба од итно мочање
  • болки во долниот дел на карличната регија
  • крв во мочта
  • болна ејакулација
  • болка во слабинскиот дел, во колковите и бутините
  • ослабен апетит и слабеење
  • болки во коските.

Доколку постојат потешкотии во мочањето или кој било од наведените симптоми и знаци, неопходно е да се отиде на лекар.

Овие симптоми и знаци не значат секогаш и сигурно постоење на карцином, туку можат да бидат поврзани со некои други состојби и болести на простатата.

Така, многу често, посебно во раните стадиуми на карциномот на простатата симптомите се исти како и при бенигното зголемување на простатата.