• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Алтернативи методи кај канцерот
Лук - здрава храна и лек Печати
Лук

Лукот е еден од најпопуларните лековити зеленчуци.

И покрај својот јак и, за некои лица непријатен мирис, лукот уште од многу одамна се користел како здрава храна, но и како лек.

Уште градителите на египетските пирамиди и римските легионери секојдневно добивале лук за да ја сочуваат својата снага и здравје.

Научникот Луј Пастер во 1858-та година потврдил дека лукот има антибактериски својства и бил применуван како природен лек против инфекциите, пред пронаоѓањето на антибиотиците.

Лукот содржи околу 200 биолошки активни соединенија, а многу од нив се важни во превенцијата на многу заболувања. Така на пример, супстанцијата алицин, која ја содржи лукот има антивирусно, антибактериско и антигабично дејство.

Покрај тоа, лукот е богат со минерали, калциум, суулфур, фосфор, железо, јаглени хидрати, сулфурни етерични масла, азотни материи, алин, ферменти и витамини: А, Ц и витамини од Б-групата (Б1, Б2, нијацин и др.).

Лукот е и антиоксиданс, бидејќи е богат со аминокиселини кои содржат сулфур.

Како најпопуларен лековит зеленчук на традиционалната медицина, лукот во втората половина од минатиот век станал објект на бројни научни истражувања. Овие истражувања ја потврдиле неговата сестрана лековитост.

Резултатите од големата клиничка студија, која испитувала околу 50 000 жени од Ајова (САД), на возраст од 55 до 65 години, покажале дека лукот е зеленчук кој, во голема мерка, штити од рак на дебело црево.

Исто така, белиот лук го намалува и холестеролот во крвта, а со тоа го спречува настанувањето на атеросклерозата на крвните садови.

„Лукот го спречува настанувањето на крвните тромби, што е веројатно многу побезбеден начин на превенција, отколку секојдневното земање на аспирин, кое може да доведе до крварење во желудникот“ тврди Dr. Patrik Holford, основачот на Институтот за оптимална исхрана во Лондон.

Испитувајќи ги причините за долговечноста на жителите на италијанското село Campo di Mele, кое се наоѓа на 130 км јужно од Рим, експертите на Светската Здравствена Организација дошле до заклучок дека структурата на исхраната на тие луѓе е главна причина за нивната долговечност.

Имено, утврдено е дека жителите на ова село јадат многу леб од интегрални зрна, како и многу лук и кромид, козјо млеко и сирење, грав...

Состојки во лукот кои делуваат позитивно на нашето здравје и ни помагаат при одредени заболувања:
  • аденозинот од лукот го спречува згрутчувањето на крвта,
  • органските компоненти од лукот, кој содржат сулфур го намалуваат холестеролот и делуваат превентивно на малигните болести. Така во стручните часописи Journal of National Cancer Institute и Cacinogenesis објавени се резултатите од научните истражувања кои го потврдиле антиканцерогеното дејство на лукот,
  • аминокиселините од лукот го намалуваат „лошиот“ холестерол (LDL) во плазмата, а ја зголемуваат концентрацијата на „добриот“ холестерол (HDL) и триглицеридите, дури и при консумирање на многу масна храна,
  • потврден е и неговиот позитивен учинок во проширувањето на крвните садови, посебно на периферните крвни садови, па често се користии е делотворен при главоболки, болни грчеви во потколениците, кои често се јавуваат кај постарите лица по кратка прошетка,
  • доведува до намалување на крвниот притисок за 5% до 10%,
  • го нормализира забрзаното работење на срцето, го подобрува работењето на срцевите крвни садови и снабдувањето на срцевиот мускул со крв, што доведува до подобрување на срцевата функција и намалување на склоноста кон тромбоза,
  • делува на одржувањето на еластичноста на крвните садови и на намалувањето на вискозноста на крвта,
  • го подобрува варењето и работата на желудникот, ја подтикнува работата на црниот дроб, бубрезите и простатата,
  • помага во лечењето на разни оболувања на белите дробови, а исклучително е делотворен при лечењето на грипот и бронхитисот,
  • во народот белиот лук одамна се користи за исфрлање на детските глисти,
  • докажано е и позитивното делување на лукот при инфекции со херпес вирусите и квасните габички (Candida albicans).

Денес со сигурност се знае дека лукот е важен сојузник против инфекциите, па често се препорачува секој ден превентивно да се зема со оброците или во вид на капсули со екстракт од лук.

 

Најчитани текстови