• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
David Servan - Schreiber: Десет препораки за заштита од мобилните телефони Печати

Групата од 20 светски познати научници од разни земји, која ја формирал Дејвид Серван - Шрајбер (David Servan - Schreiber), професор по психијатрија на Универзитетот во Питсбург, во САД, дала 10 препораки за заштита од електромагнетните бранови, кои ги емитираат мобилните телефони.

  1. Прва препорака е да не им се дозволи на децата помлади од 12  години да користат мобилни телефони, освен во итни случаи, бидејќи органите во раст и развој се поосетливи на електромагнетните бранови. Денес, меѓутоа, околу 18% од школските деца користат и поседуваат мобилни телефони.
  2. Втора препорака е да се мобилниот телефон држи подалеку од 1 метар од телото, бидејќи амплитудата на магнетното поле се намалува 50 пати на оддалеченост од еден метар.
  3. Трета препорака е да оддалеченоста од лицето кое разговара по мобилен телефон биде поголема од еден метар, па да се избегнува користење на мобилниот телефон во средствата за јавен сообраќај, каде другите луѓе кои се во близина пасивно би можеле да бидат изложени на влијанието на електромагнетните бранови.
  4. Четврта препорака е да се избегнува носење на мобилни телефони непосредно до телото и да мобилките не се држат ноќе блиску до креветот.
  5. Пета препорака е да во случаите кога мора да се носи мобилен телефон, антената не биде усмерена према телото.
  6. Шеста препорака е да се што пократко разговара преку мобилен телефон.
  7. Седма препорака е да при разговорот редовно да се менува увото на кое се држи мобилниот и тој да не се приближува до увото сè додека повиканото лице не ја подигне слушалката.
  8. Осма препорака е да се избегнува користење на мобилни телефони кога е слаб сигналот или при брзо движење, како што е тоа случај додека сме во автомобил или во воз.
  9. Девета порака е да се повеќе користат СМС пораките во комуникацијата, бидејќи на тој начин се смалува временското траење на изложеноста на електромагнетните бранови и близината на мобилниот телефон во однос на телото.
  10. Десета порака е да се избере уред со електормагнетни баранови кои најмалку продираат во организмот, што ќе се направи само во консултација со стручно лице, оператер или со преглед на листата за нивото на електромагнетните бранови кои ги емитираат различни модели на мобилни телефони, а која се наоѓа на сајтот David Servan-Schreiber, www.guerir.fr кој и сам заболел од рак на мозокот.
 

Прочитајте и: