• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Крв во столицата Печати
Ако можете да ми одговорите дали симптомот крварење во столицата (симптом на дебелото црево) дали крварењето е континуирано или не? Дали се повторува повеќе пати или може да се појави само еднаш?

Крварењето во столицата може да биде знак на многу заболувања на дигестивниот тракт. За да се открие за што се работи, треба да се направи детален преглед од страна на гастроентеролог, лекар специјалист, кој ги проучува болестите на органите од системот за варење.

Причина за крварење од столицата може да бидат и хемороидите, но може да бидат и други посериозни заболувања. Крварењето може да биде повремено, но и континуирано, да е видливо со голо око, но и окултно, т.е. невидливо за голо око, но сепак да постои.

Долготрајното крварење во столицата може да биде причина и за појава на слабокрвност.

Според тоа, крварењето во столицата е еден алармантен знак кој бара итен лекарски преглед.

Поздрав.

Д-р Л. Ацева.