• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Замка наречена цимет

Неизбежен зачин за божиќните колачи е, секако, циметот. Тој е еден од најстарите зачини. Се користи и за медицински цели, но еве на што сепак мораме да припазиме пред да се „предозираме“ со неодоливите божиќни колачи, кои не мамат со својот пријатен мирис на цимет.

При купување на цимет водете сметка за неговото латинско име, кое се наоѓа на оригиналната амбалажа, бидејќи секој цимет не е добар. Најраспространети се два вида на цимет: cinnamomum verum т.е. прав цимет, кој доаѓа од Шри Ланка и касија цимет или cinnamomum cassia.

Касија цимет е индонезиски цимет кој е многу раширен во прехрамбената индустрија, поради големата отпорност на растението, што значи дека тоа е полесно за одгледување.

Касија циметот има појак вкус и црвенкаста боја, за разлика од т.н. прав цимет. Касија циметот, исто така, содржи кумарин, токсична хемиска супстанција која, доколку се зема во големи количини, може да предизвика вртоглавица, мачнина, слабост, оштетување на црниот дроб, на бубрегот, па во најтешки случаи да предизвика внатрешно крварење и смрт.

Децата од претшколска возраст не би смееле да изедат повеќе од 4 кекси со касија цимет, постарите деца најмногу 6, а возрасните до 8 кекси. На трудниците воопшто не им се препорачува консумирање на овој вид цимет.

Значи, доколку веќе не е доцна, при купување на цимет, обрнете внимание на врстата на циметот. Цејлонскиот цимет можете да го јадете во неограничени количини, но, ако веќе сте го купиле касија циметот, не очајувајте, само неговата употреба сведете ја на најмала можна мерка.

 

Прочитајте и: