• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Новости од областа на канцерот
Делотворен лек за напреднат меланом

Ipilimumab (познат уште како MDX-010 или MDX-101) е хумано моноклонално антитело. Тој има намера да се користи како лек за активирање на имунолошкиот систем на организмот. Ipilimumab се испитува во клиничките студии за третман на метастатскиот меланом.

Новиот лек за меланом покажа ветувачки резултати. Ipilimumab може да даде клинички добар одговор, продолжување на животот и долготрајна стабилност на болеста.

Во раната фаза на истражувањето, кое влучило пациенти со напреднат меланом, бил испитуван биолошкиот лек наречен ipilimumab. Пациентите воглавно добро го поднесувале лекот, а тој покажал и добри ефекти врз туморските клетки на меланомот.

„Ipilimumab може да доведе до клинички важни одговори и до долготрајна стабилност на болеста“ изјавил за Reuters Health, водачот на студијата dr. Jeffrey Weber.

Како што е опишано во часописот Journal of Clinical Oncology, dr. Jeffrey Weber од Moffitt Cancer Center, Tampa, Florida и неговите колеги испитувале 88 пациенти со неоперабилен метастатски меланом.

Пациентите примале или една висока доза на Ipilimumab, или повеќе ниски дози, или повеќе средни дози на лекот. Иако максималната доза на толеранција не е достигната во првите две групи на испитаници, 6 од 23 пациенти во групата која примала повеќе средни дози на Ipilimumab, имале токсични несакани ефекти, кои ја ограничиле количината на лекот која можеле да ја примаат.

Но сепак, 1 пациент во оваа група имал комплетен одговор, 1 пациент имал делумен одговор и 7 од испитуваните пациенти имале стабилна болест. Тоа значи дека вкупниот процентот на контрола на болеста бил 39%.

Траен одговор е докажан во сите групи на пациенти, изјавиле истражувачите, и заклучиле дека давањето на лекот Ipilimumab во повеќе средни дози дало најдобри резултати.

„Ipilimumab е активен лек за метастатскиот меланом“, заклучил Dr. Weber.

Вкупното преживување во неодамнешните студии, кои вклучиле преку 300 пациенти, покажало дека средното преживување кај повеќето нелекувавани пациенти, на кои ова им била прва линија на терапија, било продолжено за 13 месеци, што е доста добар резултат, изјавил Dr. Weber.

 

Најчитани наслови