• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Новости од областа на канцерот
Нов лек за напреднат рак на црниот дроб

На големиот конгрес одржан во Америка, посветен на заболувањата на црниот дроб, научниците од оваа област го претставиле лекот Sorafenib (Nexavar®) кој покажал значителни резултати во лекувањето на пациентите со напреднат карцином на црниот дроб. Лекот кој бил претставен на конгресот е прв лек кој на пациентите им го продолжува животот, а единствен лек, кој по неговата примена довел до подобрување на состојбата кај пациентите.

Европската комисија и Американското здружение за храна и лекови (FDA) го признале овој лек.

FDA ги одобрила Nexavar (sorafenib) таблетите за пациентите со рак на црниот дроб (неоперабилен хепатоцелуларен карцином).

Nexavar® (sorafenib) е прва системска терапија за ракот на црниот дроб и, исто така, единствена медицинска терапија која докажала значително продолжување а севкупното преживување кај пациентите со рак на црн дроб. Во јануари 2008 година, Nexavar е одобрен и во Европа за лекување на хепатоцелулараниот карцином. Лекот е одобрен во повеќе од 60 земји во светот.

 

Најчитани наслови