• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Новости од областа на канцерот
Важноста на тестот за окултно крварење како скрининг тест

Сите лица постари од 50 години, а оние лица кои во своето семејство имаат рак на дебелото црево веќе и од 40-тата година од животот, би требало да се упатуваат на тест за окултно (невидливо со голо око) крварење во столицата.

Според резултатите од една италијанска студија, овој рутински тест за окултно крварење во столицата, како скрининг тест за ракот на дебелото црево, го намалува бројот на смртни случаи предизвикани од овој малигном.

Истражувачите од Институтот за испитување и превенција на ракот, во Фиренца, ги разгледале честотата на ракот на дебелото црево и смртноста од овој малигном во две области во Италија, кои вовеле скрининг за колоректалниот карцином, но во два различни временски периоди. Областа Empolese-Mugello го вовела скринингот во раните 1980-ти години, а другите области во Фиренца и во Прато провинцијата, го вовеле скринингот во почетокот на 2000-та година.

Во периодот од 1985-та до 2006-та година, областа Empolese-Mugello имала поголем пад (13%) на смртност предизвикана од колоректалниот карцином, во споредба со оној во Фиренца и Прато покраините. Empolese-Mugello областа имала 2,7% годишен пад на смртност од рак на дебелото црево во текот на овој период, во споредба со 1,3% годишен пад на смртност во останатите области на Фиренца и Прато.

„Научниците сметаат дека оваа разлика во смртноста од колоректален карцином во двете области во Италија, се должи на пораното спроведување на тестот за окултно крварење во столицата во областа Empolese-Mugello“. Студијата е објавена на 9 декември 2008 година во часописот Journal of the National Cancer Institute.

 

Најчитани наслови