• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Рак на белите дробови Печати
Откриен е рак на бели дробови кај мајка ми. Беше оперирана пред 5 години од рак на дојка. Сега истиот се појави на белите дробови. Има некој апчиња кој се продаваат а се скапи. Дали тие би помогнале?

Во писмото не наведуваш дали промените во белите дробови се последица на ракот на дојката, односно дали се работи за присутни метастази во белите дробови од примарниот рак на дојката, или пак се работи за примарен рак на белите дробови. Тоа е многу важно да се знае, бидејќи терапијата е сосема различна во двата случаи.

Што се однесува до твоето прашање за некои апчиња кои се многу скапи и дали помагаат, јас неможам ништо конкретно да ти кажам, бидејќи не знам за кои апчиња станува збор.

На нашиот Институт се спроведува терапија за сите малигни заболувања и таа е според светските протоколи, или како што се вели, терапија според медицина базирана на докази. Значи она што се применува во светот, се применува и на Институтот за радиотерапија и онкологија во Скопје.

Затоа ти советувам да се консултираш со матичниот онколог на твојата мајка. Тој најдобро може да ја одреди најадекватната терапија за твојата мајка, бидејќи терапијата кај малигните заболувања се одредува индивидуално за секој пациент. Која терапија ќе се примени се одредува според повеќе фактори, како што се: стадиумот на болеста, видот на туморот и неговата диференцираност, возраста на пациентот и неговата општа состојба и други фактори. Според тоа, не постои еден единствен, универзален лек за ракот кој би се применил кај секого.

Доколку сакаш, можеш да ми пишеш и за кои апчиња прашуваш.

Поздрав.

Д-р Л. Ацева,
специјалист радиотерапевт и онколог