• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Лимфедем (оток) на раката по операција на дојка Печати
Моја братучетка е оперирана од рак на дојката во Белград. Сега е на зрачна терапија и раката од страната на остранетата дојка силно и отекува и чувствува силна до недоиздржлива болка. Ме интересира од што тоа настанува и која е најадекватната терапија. Дали протоколите на нашата Клиника за онкологија и на Белградската Универзитетска болница се идентични?

За ракот на дојка имате навистина многу написи на нашиот портал. Посебно се опишани повеќето техники на хируршки зафати.

Хируршкиот третман останува основен првичен третман за ракот на дојката, кој треба да овозможи локална контрола на болеста, како и податоци за евентуално метастаско зафаќање на аксиларните лимфни јазли.

Со хируршката метода се отстранува туморот и аксиларните лимфни јазли.

Хируршките методи можат да бидат радикални и конзервирачки (поштедни).

Порано се изведувале поопсежни хируршки зафати, кои биле мутилантни и со лоши естетски и функционални резултати, а не давале подобра локорегионална контрола на болеста, ниту, пак, подолго преживување.

Радикални хируршки зафати се:

  • суперрадикална мастектомија - Urban,
  • радикална мастектомија – Halsted,
  • модифицирана радикална мастектомија – Patay,
  • модифицирана радикална мастектомија – Madden,
  • проста мастектомија (мастектомија симплекс)

Радикална мастектомија

Мастектомијата по Urban и Halsted денес не се користат, бидејќи се мутилантни, а не даваат подобра локорегионална контрола на болеста, ниту подобро севкупно преживување.

Модифицираната радикална мастектомија по Madden се изведува така што се оперативно се отстранува целата дојка и аксиларните лимфни јазли, но со зачувување на големиот пекторален(граден)мускул или со зачувување на обата пекторални мускула. Оваа оперативна метода е со подобри естетски и функционални резултати од ултрасадикалните операции, но не покажала предност во преживувањето и слободниот интервал без метастази.

Отстранување на цела дојка, радикална мастектомија.

Во последно време се повеќе се применуваат т.н. конзервирачки (поштедни) операции на дојката, пру кои се зачувува дојката како орган, а се постигнува задоволителна локорегионална контрола на болеста и подобри естетски и функционални резултати. Со постоперативната примена на пресотанатите тераписки методи (радиотерапија, хемотерапија, хормонотерапија) успешно се контрооира системскиот карактер на болеста. Овие поштедни хируршки методи се користат кај помлади жени, кај тумор со големина до 5 см во пречник, кај клинички предоперативно негативни аксилани лимфни јазли, кај тумори со бавен раст, кај тумори кои не ја инфилтрираат кожата. Исто така, овие хирурчки методи се користат и кај постари ќени над 70 години, и ако постојат контраиндикации за радикален хируршки третман.

Како контраиндикации за изведување на конзервирачки операции се наведуваат: тумор поголем од 5 см во пречник, постоење на мултипни тумори во дојката, мултипни калцификации видени на мамографијата, исцедок од брадавката, како и кај предоперативно палпабилни аксиларни лимфни јазли.

Во конзервативни (поштедни) операции спаѓаат:

  • парцијална мастектомија - се отстранува туморот и широката околина од здравото околно тиково, при што настанува видлив деформитет на дојката,
  • кавадрантектомија со аксиларна дисекција – локален радикален третман при кој се остранува туморот и целиот квадрант каде што тој се наоѓал (најмалку 3 см во околното здраво ткиво),
  • лумпектомија со аксиларна дисекција – локален третман со кој се отстранува туморот со околното ткиво во дојката ( 1-2 см во околното здраво ткиво),
  • туморектомија со аксиларна дисекција – локален третман со кој се отстранува само туморот.

Кај сите овие поштедни хируршки методи, покрај отстранувањето на туморот и околното здраво ткиво, се прави и аксиларна лимфаденектомија (тоа е хируршко отстранување на лимфните јазли во пазувата). Аксиларната лимфаденектомија претставува дијагностичка и тераписка процедура. Исто така, по поштедните оперативни третмани следи и постоперативна зрачна терапија.

Токму ова отстранување на лимфните јазли во пазувата може да доведе до појава на лимфедем, односно оток на раката. Овој лимфедем е последица на пореметената циркулација на лимфата, која настанува како последица на оперативниот зафата, а таа доведува до стаза на лимфата во раката и до оток. Овој проблем може делумно да се намали со подигање на раката нагоре, додека седиме, или кога спиеме, како и со вежбање на раката, со тоа што постепено се дига се погоре и погоре, иако тоа боли, но помага во спречување на стварањето на отокот, а и спречува негова прогресија. Постојат вежби за раката за намалување на отокот. За овој проблем консултирајте се со вашиот онколог, кој ке ви покаже како конкретно се избедуваат вежбите за намалување на отокот (лимфедемот).

Што се однесува до вашето прашање дали се протоколите исти кај нас и во Белград, можам да кажам дека кај нас ракот на дојката, но и сите други малигни заболувања, се лекуваат по стандардни светски протоколи. Тоа значи дека лекувањето е според медицина базирана на докази,. Постојат стандардни светски протоколи за секој одреден вид на карцином, како и за секој стадиум на болеста.

Значи, третманот индивидуално се креира за секој пациент одделно, зависно од многу прогностички фактори, како што се: стадиумот на болеста, диференцираноста на туморот, возраста на пациентот, неговата општа состојба и од многу други фактори.

Не постои единствен тратман за ракот, кој би бил адекватен за секој пациент.

Претпоставувам дека врз база на светски протоколи работат и во Белград.

Поздрав.

Д-р Л. Ацева.