• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Истражување

Идентификувани гени поврзани со рак на тестис

Ракот на тестисот е ретка болест и претставува само 2% од сите карциноми кои се јавуваат кај мажите. Но, тој е чест тумор кај...

Болести на простата - Рак

За болестите на простатата кај нас многу малку се знае. Единствен начин да се бориме против нив...
Дијагностика на малигните заболувања - Хистолошка и цитолошка верификација на туморот
Индекс на артикл
Дијагностика на малигните заболувања
Анамнеза
Физикален преглед
Лабораториски иследувања
Рендгенски иследувања
Eхотомографски и ендоскопски иследувања
Хистолошка и цитолошка верификација на туморот
Сите страници

Хистолошка и цитолошка верификација на туморот

Основно начело во онколошката практика е неопходноста од хистолошка и цитолошка потврда на малигниот тумор.

Мaлигните тумори се инвазивни или неинвазивни (carcinoma in situ).

Кај неинвазивниот карцином, базалната мембрана на клетката не е пробиена, додека кај инвазивните карциноми базалната мембрана е пробиена.

Цитодијагностиката е важна метода за раното откривање на малигните тумори, кај асимптоматските пациенти. Со оваа метода, исто така, може да се откријат и преканцерозните промени и carcinoma in situ.

Цитолошката метода е евтина, технички лесно изводлива, безболна и се прави во амбулантски услови.

Цитолошката метода има големо значење за раната дијагноза на ракот на грлото на матката. Дијагнозата може да се постави кај 95% од случаите со рак на грлото на матката. Клетките за цитолошко иследување се добиваат лено и безболно од површината на слузницата на грлото на матката и се прави размаска на предметното стакленце. Материјал за цитолошко иследување може да се земе од повеќе органи, како и од израстоци кои се достапни за цитолошка пункциона биопсија.

Класификација на цитолошкиот наод по George Papanicolau и нејзината последна модификација-системот на Bethesda

Според овие системи на класификација можен е еден од следните наоди:

  • Нормален наод. Тестот е негативен и не се најдени абнормални клетки. Не се потребни дополнителни третмани и испитувања до следниот гинеколошки преглед.
  • Атипични сквамозни клетки (Atypical squamous cells - ASC). Плочестите или сквамозни клетки се тенките, рамни клетки кои растат на површината на грлото на матката. Оваа дијагноза укажува на присуство на помалку абнормални клетки кои може да бидат резултат на инфекција, воспаление или на некоја преканцерозна промена (цервикална дисплазија). Втор ПАПА тест или некој друг тест може да се изведе за утврди точната причина за абнормалните клетки.
  • Атипични жлездени клетки (Atypic glandular cells - AGC). Жлездените клетки создаваат слуз и растат во каналот на грлото на матката, како и во внатрешната слузница на матката. При ваков наод потребни се дополителни испитувања со цел да се утврди дали станува збор за канцерски клетки.
  • Ендоцервикален аденокарцином in situ (Adenocarcinoma in situ - AIS). Клетките кои се со голема веројатност за канцерозни се наоѓаат во жлезденото ткиво во внатрешната половина на маткиното грло-ендоцервикс. При наод на ендоцервикален аденокарцином in situ потребни се дополнителни тестови.
  • Сквамозна интраепителна лезија (Squamous intraepithelial lesion-SIL). Ваквиот наод покажува дека клетките видени на ПАП тестот укажуваат на преканцерозна состојба, позната како цервикална дисплазија. По ваквиот резултат препорачливи се дополнителни дијагностички тестови. Сквамозна интраепителна промена од низок градус се смета за почетна преканцерозна абнормалност. Доколку истата е окарактеризирана како висок градус промена, абнормалностите во големината и формата на клетките се поизразени и веројатноста за рак на грлото на матката е поголема.

Класификација на малигните тумори според клиничката проширеност (TNM – класификација)

Клинички точно утврдената проширеност на болеста и локализацијата од каде што потекнува туморот, се најважни предуслови за планирањето на лекувањето.

Според тоа, стејџингот на туморите ги класифицира пациентите во групи, според проширеноста на болеста.

Целите на стејџингот, односно одредувањето на стадиумот на болеста се:

  • да даде информации во врска со прогнозата,
  • да ја одреди соодветната терапија,
  • да помогне во евалуацијата и компарацијата на различните третмани, особено за оние кои се развиени во различни медицински центри,
  • да се добијат информации околу биолошката основа на малигните тумори.

Меѓународното здружение за борба против ракот (UICC) го изработи TNM – системот за клиничката проширеност на малигните тумори, врз основа на 4 компоменти:

Т – ја означува големината и проширеноста на примарниот тумор,

N – ја означува состојбата на регионалните лимфни јазли,

М – го означува присуството или отсуството на далечни метастази

G – го означува хистопатолошкиот степен на диференцијацијата на клетките на туморот.

Со додавање на броеви на овие букви ( T1, T, T3, T4, N0, N1, N2, N3, M0, M1, G1, G2, G3, G4) се означува проширеноста на болеста (стадиумот на болеста) и степенот на диференцираноста на малигните клетки од туморот.

На пример: кај ракот на кожата Т2, N1, M0 значи дека примарниот тумор (Т2) е поголем од 2 cm, но не поголем од 5 cm во својот најголем дијаметар, дека постојат опипливи зголемени (метастатски) лимфни јазли (N1) и дека нема присуство на далечни метастази (М0).

Класификацијата во TNM – системот може да се примени само кај нелекувани пациенти. Проширеноста се одредува со клинички и други потребни дијагностички иследувања.

Оперативните наоди се исклучени, бидејќи многу малигни тумори се лекуваат и без хируршка интервенција.

Но постои и патолошка TNM – класификација, која се прави со преглед на материјалот добиен со операцијата.



 

Тестис

Преглед на тестиси како превентива во навремено откривање на ракот на тестис.
[Преземено од YouTube]

Превенција и скрининг - рак на тестис

За раното откривање на болеста многу е важна едукацијата на младата машка популација. Тие треба да се информираат за раните симптоми и знаци на болеста, за значењето на самопрегледот... 


Рани знаци и симптоми

Многу е важно да машкото точно ја познава големината и обликот на своите тестиси, за да може да ги примети промените. Најчест симптом на карциномот на тестисот е присуство на мала, безболна тврдина... 

Простата

Рак на простатата, раскажува д-р Реј од клиниката за третман на ракот на простата - синхронизирано на македонски јазик.
[Преземено од YouTube]

Што е простата?

Простатата е орган со жлездесто-мускулна структура, чиј алкален секрет влегува во составот на семената течност (сперма)... 


Третман на карциномот на простатата

За одредување на најадекватна тераписка опција за одреден пациент, се разгледуваат многу фактори... 

Дебело црево

Настанување и ширење на ракот на дебелото црево - синхронизирано на македонски јазик.
[Преземено од YouTube]

Следење на болните со карцином на дебелото црево

Карциномот на дебелото црево бара доживотно следење (follow-up)... 


Дијагноза кај карцином на дебелото црево

Дијагнозата се поставува со внимателно земена анамнеза, физикален преглед по системи... 

Кожа

Настанување и типови на ракот на кожата - синхронизирано на македонски јазик.
[Преземено од YouTube]

Рак на кожа

Меланомот претставува малигно буење на меланоцитите, клетки кои го произведуваат пигментот на кожата. Тоа е најмалигни облик на кожен карцином и е најчеста причина за смрт од кожен карцином... 


Симптоми и знаци

Најчесто карциномот започнува како мала, сјајна папула која бавно и постепено се зголемува и по неколку месеци се појавува сјаен, бисерен раб со назначени проширени крвни садови... 

Дојка

Радиотераписки третман кај рак на дојка. Радиотерапијата ја одредува лекар специјалист (радиотерапевт и онколог).
[Преземено од YouTube]

Ширење на ракот на дојката

Ракот на дојката е системско заболување, дисеминиран процес, кој, уште од најраните фази на својот развој, е склон кон метастазирање... 


Симптоми и знаци за појава на рак на дојката

Ракот на дојката во својот почетен, ран стадиум е обично асимптоматски...