• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Истражување

Идентификувани гени поврзани со рак на тестис

Ракот на тестисот е ретка болест и претставува само 2% од сите карциноми кои се јавуваат кај мажите. Но, тој е чест тумор кај...

Болести на простата - Рак

За болестите на простатата кај нас многу малку се знае. Единствен начин да се бориме против нив...
Дијагностика на малигните заболувања - Eхотомографски и ендоскопски иследувања
Индекс на артикл
Дијагностика на малигните заболувања
Анамнеза
Физикален преглед
Лабораториски иследувања
Рендгенски иследувања
Eхотомографски и ендоскопски иследувања
Хистолошка и цитолошка верификација на туморот
Сите страници

Ехотомографија (ултрасонографија)

Оваа метода е многу едноставна и неинвазивна и често се користи во онкологијата за дијаностички цели. Ехотомографијата работи со електронски инструмент кој го открива и забележува одгласувањето на звукот кој се одбива од ткивата со различни густини. Се користат фрекфенции од 2.0 до 10.0 мегахерци.

Со ехотомографскиот преглед може да се иследуваат штитната жлезда, срцето, срцевата обвивка (перикард), црниот дроб, панкреасот, бубрегот и ретроперитонеалната регија.

Ехотомографијата служи како водич кај некои видови на тенкоиглени биопсии. Ехотомографијата ги разликува цистичните од солитарните туморски промени, бидејќи кај цистите не се регистрира одгласот на звукот. Со оваа метода се определува структурата и содржината на туморот.

Ехотомографскиот преглед (ултразвук) на дојка

Ткивото на дојката кај многу жени во касните 30 ти и раните 40 ти години од животот е премногу згуснато и апсорпцијата на рендгенските зраци е голема, па затоа и мамограмите не се од голема корист. Затоа, посебно кај помладите жени, ехотомографијата на дојките е попогодна дијагностичка метода и е од поголема помош отколку мамографијата.

Ехотомографскиот преглед (ултразвук) на дојката користи звучни бранови со висока фрекфенција (ултразвучни бранови), кои преку сонда се насочуваат и минуваат низ дојката. Тие се одбиваат со различна брзина од структурите на дојката и се враќаат до сондата, Одбиените зрачни бранови се регистрираат преку истата сонда и врз основа на разликата од влезниот сноп на ултразвучните зраци и одбиените зраци се добива слика за структурата на дојката. Таа слика се гледа на монитор.

Некои стручњаци тврдат дека ултразвукот со висока резолуција (сонди 10-13 MHz) ќе станат прв избор во откривањето на инвазивниот рак на дојката, додека пак, мамографијата ќе биде резервирана за локализирање на интрадукталниот рак, односно за неговите неинвазивни форми.

Ултразвучниот преглед е од непроценлива вредност во диференцијалната дијагноза помеѓу солидните и цистичните промени, како и за разјаснување на палпабилните тврдини во дојката. Со ултразвучниот преглед на дојката може со сигурност од скоро 98% да се разликува дали се работи за бенигна или малигна тврдина во дојката. Доколку постои сомневање за природата на промената, со ултразвучно водење може да се направи аспирација или биопсија со цел да се постави и патохистолошка дијагноза како и да се одредат прогностичките фактори.

Правата вредност на ултразвучниот преглед на дојките е кај младите жени со мастопатија, кај жени со постоперативни лузни, лузни по зрачна терапија, кај жени со хормонска супституциона терапија, како и кај жени со силиконски имплантати.

Употребата на color-Doppler техниката кај ултразвучниот преглед на дојките овозможува воочување на патолошка васкуларизација кај солидните или цистичните промени.

Мамографијата и ултразвукот на дојките денес претставуваат методи кои се сé повеќе меѓусебно надополнуваат и се т.н комплементарни методи, и секоја има свое место во дијагнозата на промените во дојката.

Им се препорачува на сите жени по 30 годишна возраст редовно да ги контролираат дојките, што значи дека минимално е потребно еднаш годишно да се направи овој преглед.

Со самопрегледот и ехото на дојките може на време да се открие евентуално постоење на патолошки промени во дојките, што овозможува и поуспешно лекување.

Ехотомографскиот преглед на дојките, кај жените во фертилниот период, се изведува 7 дена по престанување на менструалното крварење.

Ехотомографски преглед на абдомен

Ехотомографскиот преглед на абдоменот ни дава преглед на сите органи и структури во абдоменот, а посебно е корисна дијагностичка метода за откривање на метастази во црниот дроб и лимфните јазли.

Оваа метода се користи кај многу примарни карцином за откривање на евентуално присутни метастази во абдоменот, со што помага во одредувањето на стадиумот на болеста.

Ендоскопски испитувања

Со ендоскопските методи се разгледуваат внатрешните површини на шупливите органи. За таа цел се користат специјално конструирани апарати. Покрај разгледувањето на внатрешните површини на шупливите органи, со помош на специјално изработени инструменти може да се земе материјал од патолошкиот супстрат за хистолошко и цитолошко испитување.

Со новите современи ендоскопски методи може да се изврши оперативно отстранување на некои малигни тумори или нивните метастази.

Ендоскопот во едни случаи се внесува во шупливите органи преку природните отвори на телото, како при бронхоскопијата, гастроскопијата, ректоскопијата, колоноскопијата, цистоскопијата и др., а во други случаи, едноскопот се внесува преку оперативен зафат, како при лапароскопијата, торакоскопијата, медијастиноскопијата и други.

Гастроскопијата е често изведувана процедура со која се овозможува директна визуелизација на внатрешноста на гастро-интестиналниот тракт (хранопроводник, желудник и дванаесетпалачно црево). Гастроскопијата се изведува со помош на гастроскоп, кој е флексибилен, совитилив инструмент. Тој преку глото и хранопроводникот се внесува во желудникот.

Денешните гастроскопи ги пренесуваат сликите електронски, додека постарите типови на гастроскопи ги пренесуваат сликите со помош на фибер-оптички систем.

Гастроскопија е иницијална процедура за потврдување на рефлуксен езофагит (рефлуксна болест), потврда на чир на желудникот и дуоденумот, но и за откривање на ракот на желудникот и на хранопроводот.

Прегледот се изведува со ендоскоп, во случајов наречен гастроскоп.

Гастроскопот е во форма на цевка, со должина од околу 100 cm, а со дијаметар од 9 mm. Во внатрешноста на гастроскопот се наоѓа оптичкиот системи и рaботниот канал, преку кој по потреба се зема биопсија или се сопира крварење во хранопроводот или желудникот. На врвот се наоѓа камера и светло со што се овозможува директна виуелизација на слузницата на хранопроводникот, желудникот и дванаестопалачното црево.

Гастроскопијата се применува при многу состојби. Покрај тоа што со гастроскопија се врши детален преглед на слузокожата на хранопроводот, желудникот и дуоденумот и можат да се откријат воспаление, чир, стеноза (стеснување) на хранопроводот, исто така, доколку има потреба може за време на гастроскопијата да се отстранат полипи (бенигни тумори), да се сопре крварење, на пример при „прскање“ на чир на желудник и да се земе примерок од сомнителната промена на слузницата (биопсија), за понатамошно испитување.

Колонoскопијата се применува за:

  • испитување на слузницата на дебелото црево,
  • за отстранување на полипи во дебелото црево (мали, бенигни тумори),
  • за земање примероци, биопсија на дебелото црево и друго.

Колонoскопијата е најсигурниот, најдеталниот преглед на дебелото цревo и со овој преглед можат да се утврдат и почетни абнормалности и болести во најраните фази. Оваа дијагностичка метода е многу попрецизна од иригографијата и може да го открие карциномот на дебелото црево уште во неговите рани, почетни стадиуми.

Долга, тенка свитлива цевка се спроведува преку анусот (чмарот) до дебелото црево. Ова обично трае околу 15 минути и се изведува со интравенска седација. Алергиска реакцијата кон лековите за смирување е релативно ретка.

Колонoскопијата се изведува во болнички услови како амбулантска процедура (т.е пациентот не се хоспитализира). Ја изведува лекар-специјалист, кој е посебно обучен за изведување на оваа процедура.

Друга, понова опција е виртуелна колоноскопија со компјутерска томографија (КT). Таа дава уште попрецизен преглед на слузницата на дебелото црево, по целата негова должина.

Ректосигмоидоскопијата се изведува со долга (25 cm), тенка свитлива цевка која се спроведува преку анусот (чмарот) до дел од задното црево. Ова обично трае околу 15 минути и обично се изведува со интравенска седација. Реакцијата кон лековите за смирување се релативно ретки.

Аноректоскопијата се изведува во болнички услови како амбулантска процедура (т.е пациентот не се хоспитализира), се изведува од од страна на специјалист кој е посебно обучен за изведување на оваа дијагностичка процедура.

Оваа метода е многу корисна, бидејќи околу 70% од туморите на дебелото црево се наоѓаат во долниот дел на дебелото црево.

Друга понова опција е виртуелна аноректоскопија со комјутерска томографија (CT). Таа дава уште попрецизен преглед на слузницата на анусот и на дел од дебелото црево, во целата нивна должина.

Ларингоскопијата може да биде директна и индиректна.

Индиректната ларингоскопија би требало да ја прави и општ лекар. Тоа е дијагностичка метода при која лекарот со помош на мало огледало со долга дршка го прегледува грлото. При тоа тој може да види одредени промени на слузницата на гркланот и да ја оцени подвижноста на гласните жици. Овој преглед е безболен, но мора да се даде локален анестетик во грлото за да се спречи непријатното чувство кое е пропратено со кашлица. Овој преглед се изведува во амбуланта.

Директната ларингоскопија е дијагностичка процедура при која се користи ларингоскоп (осветлена цевка) која се внесува во грлото на пациентот преку носот или устата. Како што цевката минува низ грлото, така лекарот ги гледа деловите на гркланот кои не можат да се видат со обичното огледало. Локалната анестезија ја олеснува оваа метода и го намалува непријатното чувство на гушење. На пациентие може да им се даде и благ седатив за да се опуштат. Оваа дијагностичка процедура може да се изведува во амбуланта или во болница.

Ако лекарот при овој преглед открие некои сомнителни промени на слузницата на гркланот, треба да се направи биопсија, т.е. да се земе материјал од сомнителната промена. Биопсијата е единствен сигурен начин за откривање на карциномот на гркланот.

Бронхоскопијата е инвазивно испитување со кое се прегледуваат дишните патишта, душникот (трахеа), главните дишни патишта (бронхуси), и помалите бронхии со користење на посебен инструмент-бронхоскоп.

Со бронхоскопијата може да се испитува и грлото (ларингс) со гласните жици.

Постојат два типа на бронхоскопи-ригидни (несвитливи) и флексибилни (свитливи).

Најчесто употребуван е флексибилниот бронхоскоп и тој претставува свитлива цевка со дијаметар од околу 2,2 милиметри и поголем.

Бронхоскопот се внесува преку носот или преку устата во дишните патишта.

Оваа свитлива цевка содржи фибер-оптички систем на чиј врв се наоѓа камера и осветлување. Светлото патува низ фибер-оптичкиот систем и ја осветлува внатрешноста на дишните патишта. Сликата видена на врвот од бронхоскопот се пренесува низ фибер-оптичкио систем назад до видео камера и можат да се прават слики од прегледот или целиот преглед може да се сними на диск.

Со помош на бронхоскопија лекарот може да ја види внатрешноста на дишните патишта и истовремено да земе материјал доколку е потребно.

Понекогаш малигните клетки се населуваат длабоко во белите дробови и тешко се пронаоѓаат и идентификуваат. Овој материјал може да се добие со промивање на дишните патишта со физиолошки раствор-бронхеоалвеоларна лаважа. Лекарот инјектира мала количина на физиолошки раствор низ бронхоскопот и потоа ја аспирира истата течност назад преку каналот на бронхоскопот и овој материјал се праќа за патохистолошко испитување.

Фибербронхоскопијата е задолжителна дијагностичка метода кај пациентите со белодробен карцином. Со оваа метода се врши проценка за проширеноста на болеста и се зема биопсија од видливите туморски маси за хистолошка анализа.

Кај видливите тумори, со бронхоскопија, вкучувајќи го и брашингот, промивката на бронхијалното стебло и тенкоиглената трансбронхијална биопсија за цитолошко испитување, се докажува малигност во 90% од случаите.

Фибербронхоскопијата е помалку вредна метода за дијагностицирање на периферните белодробни тумори, и доколку е туморот помал од 2 cm, процентот на позитивните наоди изнесува околу 30%.



 

Тестис

Преглед на тестиси како превентива во навремено откривање на ракот на тестис.
[Преземено од YouTube]

Превенција и скрининг - рак на тестис

За раното откривање на болеста многу е важна едукацијата на младата машка популација. Тие треба да се информираат за раните симптоми и знаци на болеста, за значењето на самопрегледот... 


Рани знаци и симптоми

Многу е важно да машкото точно ја познава големината и обликот на своите тестиси, за да може да ги примети промените. Најчест симптом на карциномот на тестисот е присуство на мала, безболна тврдина... 

Простата

Рак на простатата, раскажува д-р Реј од клиниката за третман на ракот на простата - синхронизирано на македонски јазик.
[Преземено од YouTube]

Што е простата?

Простатата е орган со жлездесто-мускулна структура, чиј алкален секрет влегува во составот на семената течност (сперма)... 


Третман на карциномот на простатата

За одредување на најадекватна тераписка опција за одреден пациент, се разгледуваат многу фактори... 

Дебело црево

Настанување и ширење на ракот на дебелото црево - синхронизирано на македонски јазик.
[Преземено од YouTube]

Следење на болните со карцином на дебелото црево

Карциномот на дебелото црево бара доживотно следење (follow-up)... 


Дијагноза кај карцином на дебелото црево

Дијагнозата се поставува со внимателно земена анамнеза, физикален преглед по системи... 

Кожа

Настанување и типови на ракот на кожата - синхронизирано на македонски јазик.
[Преземено од YouTube]

Рак на кожа

Меланомот претставува малигно буење на меланоцитите, клетки кои го произведуваат пигментот на кожата. Тоа е најмалигни облик на кожен карцином и е најчеста причина за смрт од кожен карцином... 


Симптоми и знаци

Најчесто карциномот започнува како мала, сјајна папула која бавно и постепено се зголемува и по неколку месеци се појавува сјаен, бисерен раб со назначени проширени крвни садови... 

Дојка

Радиотераписки третман кај рак на дојка. Радиотерапијата ја одредува лекар специјалист (радиотерапевт и онколог).
[Преземено од YouTube]

Ширење на ракот на дојката

Ракот на дојката е системско заболување, дисеминиран процес, кој, уште од најраните фази на својот развој, е склон кон метастазирање... 


Симптоми и знаци за појава на рак на дојката

Ракот на дојката во својот почетен, ран стадиум е обично асимптоматски...