• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Истражување

Идентификувани гени поврзани со рак на тестис

Ракот на тестисот е ретка болест и претставува само 2% од сите карциноми кои се јавуваат кај мажите. Но, тој е чест тумор кај...

Болести на простата - Рак

За болестите на простатата кај нас многу малку се знае. Единствен начин да се бориме против нив...
Дијагностика на малигните заболувања - Рендгенски иследувања
Индекс на артикл
Дијагностика на малигните заболувања
Анамнеза
Физикален преглед
Лабораториски иследувања
Рендгенски иследувања
Eхотомографски и ендоскопски иследувања
Хистолошка и цитолошка верификација на туморот
Сите страници

Рендгенски иследувања

Рендгенската дијагностика е една од најзначајните методи во дијагностицирањето на малигните заболувања. Рендгенските иследувања кај раните стадиуми на малигните тумори, ги имаат следниве цели:

  • дијагностичко потврдуваање или отфрлање на клиничкото сомневање за постоење на малигно заболување,
  • утврдување на максимално можните граници на топографските промени на засегнатиот орган, како и однесувањето на органот кон околните и далечните органи,
  • можностите за лекување се утврдуваат преку прогностичките информации од направените рендгенолошки испитувања,
  • контролирање на терапискиот ефект.

Кај раните стадиуми на малигните тумори од особено значење е правилниот избор на неопходните начини и методи, со кои ќе се добијат најдобри информации за патолошкиот процес.

Најчесто користени рендгенски методи за раното откривање на малигните тумори се:

  • рендгенграфија на бели дробови,
  • рендгенграфија на гастроинтесиналниот тракт,
  • интравенска или ретроградна урографија,
  • лимфографија,
  • мамографија,
  • компјутеризирана томографија,
  • магнетна резонанца.

Нативната рендгенграфија на градниот кош е ендоставен и евтин скрининг тест за откривање на ракот на белите дробови, како и за откривање на метастазите во белите дробови, во ребрата и во медијастинумот.

Според тоа рендгенгарфијата на градниот кош е значајна и едноставна метода со која се откриваат најразлични патолошки состојби на органите и коските во градниот кош.

Оваа метода е посебно значајна за одредување на локализацијата и карактеристиките на туморската маса и евентуалната проширеност на туморот во регионалните лимфни јазли (хиларни и медијастинални). Исто така, може да се приметат и други промени, како подигната дијафрагма при парализа на нервот френикус, деструкција на ребра или прешлени, воспалителни процеси и друго.

Рендгенграфијата е почетна и основна метода во дијагнозата на туморите во градниот кош (за дијагноза на тумори на бели дробови, на хранопроводник, на душник, на лимфоми и други примарни тумори, како и за дијагноза на метастази во градниот кош, од друг примарен тумор).

Мамографијата е рендгенолошко иследување на меките ткива на дојката. Се користат меки рендгенски зраци, без филтрирање. Филмот е со фина зрнеста емулзија и не се употребува засилувачка фолија.

Мамографските слики на кои се гледаат тркалезни, мазни и добро ограничени промени се интерпретираат како наод за бенигни тумори.

Малигните тумори се претставени како несоодветно ограничени промени од околината, со назабени рабови, со израстоци и со присутни микрокалцификати.

Малигните заболувања на дојката може да се прикажат како сенка-sвездеста, неостро ограничена, или како неправилен конгломерат од поинтензивни сенки или пак како нивна комбинација.

Присуство на калцификати во овие сенки се карактеристика за карциномот, според некои автори, и до 60%.

Мамографски знаци на карцином:

Директни

  • микрокалцификати,
  • неправилна, sвездеста сенка.

Индиректни

  • нарушување на архитектониката на дојката,
  • нарушување на структурата на дојката.

Мамографијата се користи и при системските прегледи на жените за рано откривање на ракот на дојката.

Компјутеризирана томографија (КТ) се употребува за откривање на примарни тумори и метастази со мали димензии. Се користи за откривање на тумори во белите дробови, во органите на абдоменот (црн дроб, слезенка, лимфни јазли, бубрег, надбубрежна жлезда ), за тумори во мозокот.

КТ е метода на избор за проценка на ефектот од применетата терапија кај мозочните тумори.

Според тоа, КТ е често најдобрата и најпрецизна метода за утврдување на анатомската локализација и проширеноста на туморот. КТ е најосетлив метод за откривање на постоењето на далечни метастази.

КТ се користи и за планирање и за соодветно администрирање на радиотерапијата со помош на КТ симулатор.

КТ се користи и за прецизно водење на биопсијата и на другите минимално инвазивни процедури, како и за планирање на хируршкиот третман и за утврдување на операбилноста на туморот.

Оваа дијагностичка процедура е безболна и не дава несакани ефекти.

Радиоизотопски иследувања

Одделни радиоактивни изотопи (J 131, Sr 87, Tc 99 и други) се употребуваат за испитување на функцијата, како и за дијагностицирање на метастазите на некои органи (црн дроб, коските, централниот нервен систем).

За да може некој радиоактивен изотоп да се употреби во радиоизотопските иследувања, тој мора селективно да биде прифатен од испитуваниот орган, треба концентрацијата на радиоактивниот изотоп во органот да биде доволно голема за да може зрачењето да биде поголемо во споредба со околните ткива.

Радиоактивниот изотоп треба да има голема енергија, за да може да се регистрира зрачењето.

Изотопот, исто така, треба да има краток полуживот, со цел оштетувањата од зрачењето да се сведат на минимум.

Скенот на црниот дроб може да ги дијагностицира метастазите на црниот дроб, како и да ја утврди зголемената слезенка (спленомегалија).

Скенот на скелетот ги открива коскените метастази во целиот скелет.

Овој преглед се изведува со претходно вбризгување на раствор со радиоактивен технициум кој се аплицира во вена. По 90 минути од аплицирањето се прави сцинтиграфскиот преглед. Радиоактивниот технициум се депонира во метастазичните промени во сите коски од скелетот и на тој начин се добива снимка на која се гледаат метастазите како темни зони.

Методата е безболна и не дава никакви несакани ефекти.

Многу е попрецизна од рендгенграфијата на коските и со неа може да се откријат и најмали промени.

Тироидниот скен се употребува за одредување на големината, обликот и поставеноста на тироидната жлезда. Тестот на акумулација на радиоактивен јод се користи за испитување на функцијата на тироидната жлезда.

Најчесто овие тестови се користат за:

  • одредување дали жлездата функционира правилно,
  • поставување на дијагноза на болести на тироидната жлезда, како преголема активност на тироидната жлезда, состојба наречена хипертиоидизам, карцином (рак) и други состојби,
  • одредување присуство на нодули (јазли) во жлездата,
  • откривање на делови во тироидната жлезда кои покажуваат абнормалност, како зони на воспаление и инфекција,
  • одредување дали проширеноста на карцином на тироидната жлезда е надвор од жлездата,
  • за следење на состојбата по одредена интервенција, како операција, радиотерапија или хемотерапија.

Тироиден скен на целото тело се изведува кај луѓе кои имале тироиден карцином, со цел утврдување на евентуално проширување на ракот во други делови од телото, метастази, кои исто имаат карактеристика на апсорбција на јод (најчесто при скенирањето се користи радиоактивен јод).



 

Тестис

Преглед на тестиси како превентива во навремено откривање на ракот на тестис.
[Преземено од YouTube]

Превенција и скрининг - рак на тестис

За раното откривање на болеста многу е важна едукацијата на младата машка популација. Тие треба да се информираат за раните симптоми и знаци на болеста, за значењето на самопрегледот... 


Рани знаци и симптоми

Многу е важно да машкото точно ја познава големината и обликот на своите тестиси, за да може да ги примети промените. Најчест симптом на карциномот на тестисот е присуство на мала, безболна тврдина... 

Простата

Рак на простатата, раскажува д-р Реј од клиниката за третман на ракот на простата - синхронизирано на македонски јазик.
[Преземено од YouTube]

Што е простата?

Простатата е орган со жлездесто-мускулна структура, чиј алкален секрет влегува во составот на семената течност (сперма)... 


Третман на карциномот на простатата

За одредување на најадекватна тераписка опција за одреден пациент, се разгледуваат многу фактори... 

Дебело црево

Настанување и ширење на ракот на дебелото црево - синхронизирано на македонски јазик.
[Преземено од YouTube]

Следење на болните со карцином на дебелото црево

Карциномот на дебелото црево бара доживотно следење (follow-up)... 


Дијагноза кај карцином на дебелото црево

Дијагнозата се поставува со внимателно земена анамнеза, физикален преглед по системи... 

Кожа

Настанување и типови на ракот на кожата - синхронизирано на македонски јазик.
[Преземено од YouTube]

Рак на кожа

Меланомот претставува малигно буење на меланоцитите, клетки кои го произведуваат пигментот на кожата. Тоа е најмалигни облик на кожен карцином и е најчеста причина за смрт од кожен карцином... 


Симптоми и знаци

Најчесто карциномот започнува како мала, сјајна папула која бавно и постепено се зголемува и по неколку месеци се појавува сјаен, бисерен раб со назначени проширени крвни садови... 

Дојка

Радиотераписки третман кај рак на дојка. Радиотерапијата ја одредува лекар специјалист (радиотерапевт и онколог).
[Преземено од YouTube]

Ширење на ракот на дојката

Ракот на дојката е системско заболување, дисеминиран процес, кој, уште од најраните фази на својот развој, е склон кон метастазирање... 


Симптоми и знаци за појава на рак на дојката

Ракот на дојката во својот почетен, ран стадиум е обично асимптоматски...