• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Истражување

Идентификувани гени поврзани со рак на тестис

Ракот на тестисот е ретка болест и претставува само 2% од сите карциноми кои се јавуваат кај мажите. Но, тој е чест тумор кај...

Болести на простата - Рак

За болестите на простатата кај нас многу малку се знае. Единствен начин да се бориме против нив...
Дијагностика на малигните заболувања - Анамнеза
Индекс на артикл
Дијагностика на малигните заболувања
Анамнеза
Физикален преглед
Лабораториски иследувања
Рендгенски иследувања
Eхотомографски и ендоскопски иследувања
Хистолошка и цитолошка верификација на туморот
Сите страници

Анамнеза

Од болниот треба внимателно да се земат анамнестички податоци, бидејќи анамнезата е една од најважните делови на лекарскиот преглед.

Најголема неправда што може лекарот да ја направи спрема болниот е превидот на некој важен знак или симптом кој, ако на време се забележи, може да го спаси животот на болниот со адекватно и навремено лекување.

Фамилијарна анамнеза

Покрај земањето на вообичаените податоци, вниманието треба да се насочи кон тоа дали некој член од блиската фамилија на болниот боледувал или умрел од малигно заболување и дали некој од фамилијата имал преканцерозна промена или умрел од некоја болест, која би можела да се дијагностицира како карцином.

Доколку се добијат такви податоци, тие треба внимателно да се испитаат и да се провери ризикот од нив за болното лице.

Малигните тумори не се наследна болест во класична смисла на зборот, но постојат таканаречени „ракови фамилии“, кај кои повеќе членови од фамилијата боледуваат од малигни тумори, дури и од еднаков вид и со иста локализација (дојка, матка, желудник и друго).

Лична анамнеза

Освен земање на вообичаени податоци, потребно е да се утврди и следново:

  • Дали болниот некогаш лежел во болница, дали бил опериран или на некој друг начин бил лекуван од рак или преканцерозна состојба.
  • При многу локализации, во голем процент од случаите, болните сами ја откриваат туморската творба, на пример кај ракот на дојката, ракот на кожата, ракот на штитната жлезда, при лимфомите, при саркомите на меките ткива и коските и друго.
    Многу е битно да се добие сознание за тоа кога е откриена промената и дали таа се зголемува, намалува или стагнира.
  • Дали постои некоја сомнителна или нејасна болест.
    Болните често не знаат од што се оперирани, посебно кога се работи за малиген тумор. Често тоа се крие од нив. Тогаш треба да се побара помош од членовите на фамилијата или од матичниот лекар.
  • Личните навики: пушењето и пиењето алкохол треба внимателно да се испитаат.
    Доколку болниот пуши, треба да се праша кога почнал да пуши, колку време пуши, да се праша за приближниот број на испушени цигари дневно, дали го вовлекува чадот од цигарите, дали ги пуши цигарите до крај и какви цигари пуши (со колкав % на никотин и катран).
    Во врска со пиењето алкохол, прашањата се поврзани со тоа дали редовно пие или повремено, да се праша за видот на алкохолот, количината на дневното консумирање алкохол и колку долго време консумира алкохол.
  • Од работната средина битно е да се открие изложувањето на канцерогените средства во животната и професионалната средина.
    Работењето во хемиската и нафтена индустрија, во рудници за азбест, арсен, уран, никоел, хром и друго го зголемуваат ризикот за појава на многу видови на рак.
    Многу е битно да се дознае времетраењето на изложеноста на канцерогените средства.
  • Дали болниот, некогаш во детството, бил озрачен во пределот на вратот или тимусот, заради опасност од рак на штитната жлезда.
  • Присуството на болка, нејзиниот карактер и јачина е битна основа за диференцијално дијагностичко решавање и ориентирање за локализацијата и проширеноста на болеста.
  • Промените на апетитот, телесната тежина, работоспособноста се од значење за правилната дијагностичка насоченост.
  • Патолошките излачувања од анусот, вагината, мочните патишта, брадавката на дојката и од дишните патишта (присуство на крв или крв помешана со слуз или гној) се вознемирувачки сигнали за евентуално присуство на малигно заболување.


 

Тестис

Преглед на тестиси како превентива во навремено откривање на ракот на тестис.
[Преземено од YouTube]

Превенција и скрининг - рак на тестис

За раното откривање на болеста многу е важна едукацијата на младата машка популација. Тие треба да се информираат за раните симптоми и знаци на болеста, за значењето на самопрегледот... 


Рани знаци и симптоми

Многу е важно да машкото точно ја познава големината и обликот на своите тестиси, за да може да ги примети промените. Најчест симптом на карциномот на тестисот е присуство на мала, безболна тврдина... 

Простата

Рак на простатата, раскажува д-р Реј од клиниката за третман на ракот на простата - синхронизирано на македонски јазик.
[Преземено од YouTube]

Што е простата?

Простатата е орган со жлездесто-мускулна структура, чиј алкален секрет влегува во составот на семената течност (сперма)... 


Третман на карциномот на простатата

За одредување на најадекватна тераписка опција за одреден пациент, се разгледуваат многу фактори... 

Дебело црево

Настанување и ширење на ракот на дебелото црево - синхронизирано на македонски јазик.
[Преземено од YouTube]

Следење на болните со карцином на дебелото црево

Карциномот на дебелото црево бара доживотно следење (follow-up)... 


Дијагноза кај карцином на дебелото црево

Дијагнозата се поставува со внимателно земена анамнеза, физикален преглед по системи... 

Кожа

Настанување и типови на ракот на кожата - синхронизирано на македонски јазик.
[Преземено од YouTube]

Рак на кожа

Меланомот претставува малигно буење на меланоцитите, клетки кои го произведуваат пигментот на кожата. Тоа е најмалигни облик на кожен карцином и е најчеста причина за смрт од кожен карцином... 


Симптоми и знаци

Најчесто карциномот започнува како мала, сјајна папула која бавно и постепено се зголемува и по неколку месеци се појавува сјаен, бисерен раб со назначени проширени крвни садови... 

Дојка

Радиотераписки третман кај рак на дојка. Радиотерапијата ја одредува лекар специјалист (радиотерапевт и онколог).
[Преземено од YouTube]

Ширење на ракот на дојката

Ракот на дојката е системско заболување, дисеминиран процес, кој, уште од најраните фази на својот развој, е склон кон метастазирање... 


Симптоми и знаци за појава на рак на дојката

Ракот на дојката во својот почетен, ран стадиум е обично асимптоматски...