• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Истражување

Идентификувани гени поврзани со рак на тестис

Ракот на тестисот е ретка болест и претставува само 2% од сите карциноми кои се јавуваат кај мажите. Но, тој е чест тумор кај...

Болести на простата - Рак

За болестите на простатата кај нас многу малку се знае. Единствен начин да се бориме против нив...
Растење и ширење на малигните тумори

Малигните тумори може да се развијат од било кое ткиво и орган и на било која возраст.

Тие се карактеризираат со:

  • локално ширење,
  • лимфогено ширење,
  • хематогено ширење,
  • имплантационо ширење.

Локално ширење

Под локално ширење се подразбира директно навлегување на туморот во неговата околина. Микроскопската проширеност секогаш ги надминува видливите (макроскопски) граници на туморот.

Малигните клетки проникнуваат кон правецот на најмалиот отпор, и тоа по површината на телото, додека фасциите, перихондриумот или периостот даваат отпор на локалното ширење на туморот.

Локалното дејство на туморот во организмот се изразува со:

  • експанзивно растење,
  • инфилтрација,
  • деструкција,
  • некроза (изумирање) на ткивото.

Со експанзивното растење, се зголемуваат димензиите на туморот и на тој начин тој врши компресија врз нормалните ткива, со што може да предизвика воспаление или туморот создава супстанции (колагеназа) кои предизвикуваат деструкција.

Кај инфилтративното растење од значење е размножувањетона клетките на периферијата на малигниот тумор, при што одделни групи на клетки создаваат израстоци во околното ткиво што наликуваат на краците и штипалките на ракот, односно на морскиот пајак, од каде и потекнува називот на малигните тумори. Израстоците и продолжетоците навлегуваат меѓу структурите на здравото околно ткиво и проникнуваат во нив.

Деструктивното дејство на малигните тумори во околината може да се манифестира различно, со оглед на нарушените функции во оштетеното и многу често некротизирано ткиво, на различните органи. Манифестациите од деструктивното дејство на туморот се на пример: перфорација на цевчестите органи, патолошки скршеници на коските, нарушување на нервните и ендокрини функции, нарушување на хематопоетскиот систем и друго.

Последиците од локалната некроза се: крварење, болка, инфекции, зголемена телесна температура и друго.

Лимфогено ширење

Карциномите, главно, метастазираат по лимфен пат. Од малигниот примарен тумор, кој расте инфилтративно и деструктивно, може да се одвојат помали или поголеми групи на малигни клетки, кои потоа навлегуваат во лимфните садови и патуваат по лимфната циркуларција и преку доводните лимфни садови доаѓаат во регионалните лимфни јазли. Количината на пристигнатите малигни клетки во лимфниот јазол може да биде преголема, поради што настанува затнување на доводните лимфни садови, со што се спречува понатамошното движење на клетките од малигниот тумор во тој лимфен јазол. Нови групи на малигни клетки може да почнат да се движат по колатералните лимфни патишта и да достигнат до други, односно далечни лимфни јазли. Емболусите на малигните клетки се сместуваат во периферните и централните синуси на лимфниот јазол и ги оформуваат метастазите.

Метастазата со својот развој полека го зафаќа целиот лимфен јазол. Тие потоа ја пробиваат капсулата на лимфниот јазол и преку лимфната циркулација пристигнуваат до други далечни лимфни јазли. Лимфогеното ширење на малигниот тумор станува хематогено тогаш кога лимфата, која содржи малигни клетки, доспева во крвната циркулација, преку ductus thoracicus. Во оваа фаза е тешко да се рзликува лимфогеното од хематогеното метастазирање.

Хематогено ширење

По правило, саркомите метастазираат по крвен пат, но и карциномите во својот напреднат стадиум метастазираат по крвен пат.

Еден од условите за навлегување на малигните тумори во крвната циркулација (обично низ sидот на вените) е нивното брзо растење. Скоро од самиот почеток, туморот расејува клетки во циркулацијата. Од експериментални животински модели е утврдено дека тумор од 1 cm расејува во венската циркулација повеќе од 1 милион малигни клетки за 24 часа. Циркулирачки туморски клетки се откриени кај болни со ран стадиум на рак на дојка и дебело црево.

Но, пронаоѓањето на циркулирачки малигни клетки кај човечките малигноми не претскажува ран рецидив (повторување на болеста) или, пак, ограничено преживување. Можноста да единечна циркулирачка малигна клетка прерасне во метастатски јазол е помала од 1000 000 : 1.

Кај животните, циркулирачките туморски клетки обично умираат како резултат на нивното оштетување, кое настанува во артериската или венската циркулација. Колку подолго клетката е во циркулацијата, толку е поголема шансата таа да биде уништена.

За да се развие метастаза, нужно е да се исполнат 3 степени на развиток:

  • проникнување на малигните клеетки во крвните и лимфните садови,
  • настанување на емболуси или механичко пренесување,
  • сместување и прогресивно растење на туморските клетки.

Хематогените метастази се развиваат како резултат на атхезија на малигните клетки на васкуларниот ендотел (sидот на крвниот сад).

Локалниот притисок на туморот и создадената колагеназа овозможуваат деструкција на нормалните ткива. Синтезата на т.н. фактор на ангиогенеза овозможува сиздавање на независна крвна мрежа за исхрана на крвниот јазок. Како што тој продолжува да расте, малигните клетки се расејуват преку циркулацијата и мал број од клетките го преживуваат притисокот и траумата и се создава независен туморски јазол т.е. метастаза.

Прифаќањето, развојот и понатамошното растење на метастазите ќе зависат од факторите на околината: имунолошката состојба на организмот, биохемиските особености на ткиваа, од претходните оштетувања и патолошки процеси во ткивата кои ги примаат метастазите, од хормонските и ензимските нивоа, од пропустливоста на крвните садови и од тераписките методи.

Метастазите во одредени органи се релативно почести (лимфни јазли, црн дроб, бели дробови), додека во други тие се поретки (слезенка, кожа, мускули). Причините за овие разлики не се доволно проучени.

Имплантационо ширење

Издвоени групи на малигни клетки од површината на туморот може да се шират со имплантација, и тоа по механички пат. Овој начин на ширење е особено чест во серозните шуплини на организмот. Во перитонеалната шуплина, малигните клетки имаат склоност да се спуштат во малата карлица во просторот позади матката и мочниот меур.

Хирургот за време на оперативниот зафат може, по пат на имплантација, да пренесе малигни клетки и да ги свади во оперативната рана.

 

Тестис

Преглед на тестиси како превентива во навремено откривање на ракот на тестис.
[Преземено од YouTube]

Превенција и скрининг - рак на тестис

За раното откривање на болеста многу е важна едукацијата на младата машка популација. Тие треба да се информираат за раните симптоми и знаци на болеста, за значењето на самопрегледот... 


Рани знаци и симптоми

Многу е важно да машкото точно ја познава големината и обликот на своите тестиси, за да може да ги примети промените. Најчест симптом на карциномот на тестисот е присуство на мала, безболна тврдина... 

Простата

Рак на простатата, раскажува д-р Реј од клиниката за третман на ракот на простата - синхронизирано на македонски јазик.
[Преземено од YouTube]

Што е простата?

Простатата е орган со жлездесто-мускулна структура, чиј алкален секрет влегува во составот на семената течност (сперма)... 


Третман на карциномот на простатата

За одредување на најадекватна тераписка опција за одреден пациент, се разгледуваат многу фактори... 

Дебело црево

Настанување и ширење на ракот на дебелото црево - синхронизирано на македонски јазик.
[Преземено од YouTube]

Следење на болните со карцином на дебелото црево

Карциномот на дебелото црево бара доживотно следење (follow-up)... 


Дијагноза кај карцином на дебелото црево

Дијагнозата се поставува со внимателно земена анамнеза, физикален преглед по системи... 

Кожа

Настанување и типови на ракот на кожата - синхронизирано на македонски јазик.
[Преземено од YouTube]

Рак на кожа

Меланомот претставува малигно буење на меланоцитите, клетки кои го произведуваат пигментот на кожата. Тоа е најмалигни облик на кожен карцином и е најчеста причина за смрт од кожен карцином... 


Симптоми и знаци

Најчесто карциномот започнува како мала, сјајна папула која бавно и постепено се зголемува и по неколку месеци се појавува сјаен, бисерен раб со назначени проширени крвни садови... 

Дојка

Радиотераписки третман кај рак на дојка. Радиотерапијата ја одредува лекар специјалист (радиотерапевт и онколог).
[Преземено од YouTube]

Ширење на ракот на дојката

Ракот на дојката е системско заболување, дисеминиран процес, кој, уште од најраните фази на својот развој, е склон кон метастазирање... 


Симптоми и знаци за појава на рак на дојката

Ракот на дојката во својот почетен, ран стадиум е обично асимптоматски...