• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Истражување

Идентификувани гени поврзани со рак на тестис

Ракот на тестисот е ретка болест и претставува само 2% од сите карциноми кои се јавуваат кај мажите. Но, тој е чест тумор кај...

Болести на простата - Рак

За болестите на простатата кај нас многу малку се знае. Единствен начин да се бориме против нив...
Патологија на туморите

Канцерот (рак) би можел се дефинира како клеточна малигност, чија основна карактеристика е губење на клеточната контрола, што доведува до нерегуларен раст, губење на диференцираноста на клетките и можност за локална инвазија на околните ткива и органи и можност за метастазирање.

Туморите, класично, се поделени во две групи: бенигни и малигни.

Бенигните тумори имаат ограничена способност за растење, остануваат ограничени и, обично, не предизвикуваат опасни последици. Тие не метастазираат во далечните ткива и органи.

Малигните тумори брзо се размножуваат и се шират низ телото и, доколку не се лекуваат на време, тие сигурно предизвикуваат смрт.

Основна карактеристика на малигните тумори е абнормалноста на клетките, која се искажува преку намалената контрола на растот и пореметена функција на клетките. Тоа доведува до тешки штетни последици за пациентот, односно доведува до инвазија на околните ткива и органи и до метастазирање.

Поделба на туморите

Постојат многу поделби на туморите, кои, главно, се темелат врз следниве критериуми:

  • хистогенеза на туморите,
  • хистолошка слика на туморите,
  • биолошко однесување на туморите,
  • епоними,
  • анатомија.

Хистогенеза на туморите

Туморите се класифицирани според видот на клетките од кои потекнуваат. Според потеклото, познати се два вида на тумори: епителни и мезенхимални. Потешкотии настануваат при распоредување на туморите, кои потекнуваат од клетки чие потекло е спорно (на пример меланоми и тумори на јајникот) или од клетки кои нормално не се наоѓаат во организмот на возрасните (ембрионални тумори).

Хистолошка слика на туморите

Според хистолошката слика на туморите т.е. зависно од степенот на зрелоста на малигните клетки, туморите се поделени на добро, средно и слабо (лошо) диференцирани. Доколку постои целосно губење на идентитетот на туморот спорема ткивото од кое потекнува, тогаш тоа е недиференциран или анапластичен тумор.

Биолошко однесување на туморите

Туморите, според биолошкото однесување, ги делиме на бенигни и малигни.

Кај бенигните тумори клетките се многу слични на клетките на ткивата од кои потекнуваат. Тие се добро диференцирани, растат полека и обично се јасно ограничени од околното здраво ткиво со капсула т.е. се инкапсулирани.

Малигните тумори имаат недиференцирани клетки и се карактеризираат со прогресивно растење и продор во околните ткива. Со текот на време, малигните клетки навлегуваат во крвните и лимфни садови и преку нив пристигнуваат во другите делови на телото, каде што развиваат метастази.

Постојат тумори со семималигно однесување, кои вообичаено се нарекуваат локално малигни тумори. Во оваа група тумори потенцирано е локалното растење, додека исклучително ретко се јавуваат далечни метастази.

Епиноми

Некои тумори се познати според авторите кои први ги опишале, како на пример: Wilms-ов тумор, Brenner-ов тумор, Hodgkin лимфом и други

Анатомија

Некои тумори се нарекуваат според органот, а не според ткивото од кое потекнуваат, на пример: хепатом (тумор на црн дроб) тимом (тумор на тимус).

Современата поделба на туморите се темели на комбинацијата од хистогенетските, хистолошките и биолошките својства на туморот.

Карциномите (планоцелуларен, аденокарцином и анапластичен) се малигни тумори со потекло од епителот.

Саркомите се малигни тумори на мезенхималното ткиво и хистолошкиот опис се темели на ткивото од кое потекнуваат (пример: фибросарком, хондросарком, остеосарком, миосарком и други). Саркоми од лимфоретикуларното ткиво се лимфомите Hodgkin и non-Hodgkin лимфоми и леукемиите.

Канцер (рак) е генеричко име и може да се примени за секоја од горенаведените групи и покрај тоа што тој ретко се применува за малигните неоплазми од лимфното и хематопоетското ткиво.

 

Тестис

Преглед на тестиси како превентива во навремено откривање на ракот на тестис.
[Преземено од YouTube]

Превенција и скрининг - рак на тестис

За раното откривање на болеста многу е важна едукацијата на младата машка популација. Тие треба да се информираат за раните симптоми и знаци на болеста, за значењето на самопрегледот... 


Рани знаци и симптоми

Многу е важно да машкото точно ја познава големината и обликот на своите тестиси, за да може да ги примети промените. Најчест симптом на карциномот на тестисот е присуство на мала, безболна тврдина... 

Простата

Рак на простатата, раскажува д-р Реј од клиниката за третман на ракот на простата - синхронизирано на македонски јазик.
[Преземено од YouTube]

Што е простата?

Простатата е орган со жлездесто-мускулна структура, чиј алкален секрет влегува во составот на семената течност (сперма)... 


Третман на карциномот на простатата

За одредување на најадекватна тераписка опција за одреден пациент, се разгледуваат многу фактори... 

Дебело црево

Настанување и ширење на ракот на дебелото црево - синхронизирано на македонски јазик.
[Преземено од YouTube]

Следење на болните со карцином на дебелото црево

Карциномот на дебелото црево бара доживотно следење (follow-up)... 


Дијагноза кај карцином на дебелото црево

Дијагнозата се поставува со внимателно земена анамнеза, физикален преглед по системи... 

Кожа

Настанување и типови на ракот на кожата - синхронизирано на македонски јазик.
[Преземено од YouTube]

Рак на кожа

Меланомот претставува малигно буење на меланоцитите, клетки кои го произведуваат пигментот на кожата. Тоа е најмалигни облик на кожен карцином и е најчеста причина за смрт од кожен карцином... 


Симптоми и знаци

Најчесто карциномот започнува како мала, сјајна папула која бавно и постепено се зголемува и по неколку месеци се појавува сјаен, бисерен раб со назначени проширени крвни садови... 

Дојка

Радиотераписки третман кај рак на дојка. Радиотерапијата ја одредува лекар специјалист (радиотерапевт и онколог).
[Преземено од YouTube]

Ширење на ракот на дојката

Ракот на дојката е системско заболување, дисеминиран процес, кој, уште од најраните фази на својот развој, е склон кон метастазирање... 


Симптоми и знаци за појава на рак на дојката

Ракот на дојката во својот почетен, ран стадиум е обично асимптоматски...