• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Истражување

Идентификувани гени поврзани со рак на тестис

Ракот на тестисот е ретка болест и претставува само 2% од сите карциноми кои се јавуваат кај мажите. Но, тој е чест тумор кај...

Болести на простата - Рак

За болестите на простатата кај нас многу малку се знае. Единствен начин да се бориме против нив...
Етиологија (онкогенеза) на малигните тумори

Терминот онкогенеза (според грчките зборови oncos – израсток и genesis – создавање) значи настанување на малигните тумори. Во употреба да се изразите карциногенеза, бластомогенеза (според грчкиот збор blastos – зачеток) и канцерогенеза (според латинскиот збор cancer – рак). Според тоа, во буквална смисла на зборот, овој термин го означува делот од онкологијата кој се занимава со проучување и запознавање со директните и индиректните причинители на ракот, како и со објаснување на механизмот на нивното делување.

Теориите за причините за ракот се менувале според развојот на научните сознанија. Историски, постојат повеќе теории за причините на малигната трансформација на нормалните клетки (теорија на хронична иритација, паразитска теорија, теорија на ембрионални остатоци, теорија на онкогени вируси и други).

Теорија на хронична иритација

Оваа теорија потекнува од Potta, кој прв забележал дека кај оџачарите се развива рак на кожата на скротумот заради долгогодишна воспалителна реакција. Тој ги навел саѓите како можна причина за туморите на скротумот кај оџачарите. Според тоа, настанувањето на туморот е поврзан со хронична неспецифична иритација, како синоним на често повторуваната повреда на ткивото. На оваа теорија и погодувал фактот дека долготрајното изложување на сонце доведува до развој на рак на кожата. Но, теоријата не дава одговор за развојот на ракот во внатрешните органи.

Покрај тоа, потврдено е дека истиот вид на хиперпластична реакција може да биде предизвикан и од одредени канцерогени, антиканцерогени агенси или агенси кои воопшто немаат ниедно од наброените својства.

Паразитарна теорија

Оваа теорија се базира на многубројните обиди да се изолираат микроорганизмите или паразитите во туморското ткиво на човекот или животните.

Обидите биле мотивирани од верувањето дека туморите се слични на воспалителните процеси, па поради тоа овие две заболувања би требало да имаат иста етиологија.

Оваа теорија, во целина, била брзо напуштена поради сознанието дека се работи за две сосема различни патолошки состојби. Но, и денес, појавата на некои тумори сеуште се поврзува со присуството на некои паразити, како што е ракот на желудникот кај стаорците заразени со Congylonema neoplasticum, потоа појавата на саркоми на сврзноткивната капсула околу цистите на црниот дроб кај стаорци заразени со Teniata crassiocollis, и појава на рак на мочниот меур кај луѓето заразени со Schistosoma haematobium.

Теорија на ембрионални остатоци

Оваа теорија прави обид да го објасни развојот на туморот со карактеристиките на ембрионалното ткиво, бидејќи и ова ткиво, како и малигното, се карактеризира со брзо растење и слаб степен на диференцираност. Според оваа теорија, неопластичниот растеж е случајна неправилност на ембрионалните остатоци во зрелите ткива.

Теоријата е брзо отфрлена бидејќи:

  • поголемиот дел од ембрионалните остатоци кај возрасните луѓе не се развиваат во тумори,
  • туморите со ембрионално потекло покажуваат помал степен на малигност во споредба со другите тумори,
  • повеќето тумори се развиваат од органи во кои многу ретко може да се најдат ембрионални остатоци и
  • заради тоа што туморите се разликуваат од ембрионалното ткиво во поглед на растот, диференцираноста и организацијата.

Теоријата не можела да биде потврдена експериментално, бидејќи не можело да се предизвикаат тумори кај возрасни животни со имплантација (всадување) на ембрионално ткиво.

Вирусна теорија

Според оваа теорија, онкогениот вирус внесува дополнителна информација во клетките, која доведува до нивно малигнизирање. Вирусите ги менуваат наследните својства на клетката, а тоа доведува до развој на тумор. Туморската трансформација на клетката е предизвикана не од самиот вирус, туку од неговата нуклеинска киселина. Вирусот се јавува како носител на факторот кој предизвикува туморска трансформација. Новата генетска трансформација, која се пренесува од нуклеинската киселина на вирусот во клетката, се инкорпорира делумно или целосно во генот на клетките. Наследените измени, условени од овој процес, го нарушуваат взаемниот однос меѓу клетките и регулирачките клеточни системи за умножување во организмот, поради што клетките излегуваат од нивната потчинетост и започнуваат абнормално, неконтролирано да се умножуваат. Тоа неконтролирано умножување води до појава на тумори.

Вирусите кои се поврзани со развојот на малигните тумори се:

  • Хуманите папилома вируси - ХПВ (фактори на ризик за настанување на ракот на грлото на матката),
  • Cytomegalovirus (фактор на ризик за настанување на Kaposi саркомот),
  • Epstein-Barr вирусот (фактор на ризик за настанување на Burkitt лимфомот, имунобластните лимфоми, назофарингеалните карциноми),
  • Hepatitis B (фактор на ризик за настанување на хепатоцелуларниот карцином - рак на црн дроб),
  • Ретровирусите се поврзани со развојот на T-клеточните лимфоми. Овој тумор има тенденција да ја зафати кожата, да предивика хиперкалциемија (зголемено ниво на калциум во крвта) и често се манифестира со леукемична фаза,
  • Вирусот HIV (вирусот на сида) е одговорен за развој на сидата. Лицата кои се заболени од сида имаат многу поголем ризик да заболат од некои малигни заболувања (Kaposi сарком или лимфоми).

Дефинитивно, ракот е генетско заболување на соматската клетка

И покрај тоа што клеточните и молекуларните појави кои водат до малигна трансформација сеуште не се целосно разјаснети, изминатава деценија даде најголем број на податоци кои ја поддржуваат констатацијата дека ракот е предизвикан од поединечниили мултипни промени на DNA во хроозомите или во митохондриите.

И покрај тоа што не се познати факторите кои предизвикуваат промени, познато е дека делецијата, транслокацијата или дупликацијата на одредени гени доведува до малигна трансформација и умножување на зафатената клетка. На тој начин и доаѓа до развој на тумор.

Малку е познато за генетиката на повеќе видови на рак, меѓутоа деловите од загатката полека си доаѓаат на место.

Со новите техники на молекуларната генетика, повеќето од гените кои се вклучени во канцерската предиспозиција, во појавата и прогресот на ракот, може да се поделат во 3 групи:

  • Тумор – супресорни гени, чии продукти ја контролират клеточната пролиферација и чија што инактивација ги елиминира супресорните механизми кои ја спречуваат малигната алтерација на клетката. Во оваа група спаѓаат повеќе гени, меѓу кои и генот P53. Овој ген е поврзан со појавата на ракот на белите дробови.
  • Прото – онкогени или доминантни онкогени, кои ја изразуваат својата активност откако ќе се активираат со мутација или со други механизми, кои ја зголемуваат нивната експрсија. Во основа, тоа се нормални гени кои се одговорни за контролата на ембрионалниот и феталниот развиток, и тие се присутни кај секого. Нормално, тие се неактивни и како такви остануваат во телото. Се смета дека овие гени се активни во напреднатите стадиуми на онкогенезата. Тие го стимулираат туморот да расте (во неговиот напреднат стадиум).
  • Гени кои се одговорни за синдромите на хромозомска нестабилност, односно, кои се одговорни за група на автоимуни рецесивни нарушувања, кои, меѓу другото, се манифестират и со канцерска предиспозиција.

Пример е Bloom`s синдромот. Тоа е ретко автосоматско рецесивно заболување кое се карактеризира со застој во растот, ментална ретардација, еритем (црвенило) на лицето, како и со други неправилности на лицето. Кај овие пациенти е зголемена инциденцата на акутните леукемии и на други солидни тумори.

Друг пример е Fanconi синдромот кај кој се јавува анапластична анемија, која со тек на време се трансформира во леукемија. Другите абнормалности на Fanconi синдромот се: пореметен раст, хиперпигментација, генитоуринарни малформации и деформации на скелетот и ушите.

Пациентите со Down синдром имаат 12-20 пати зголемена инциденца на акутна леукемија. Ненормалностите на хромозомот 21 доведуваат до зголемена инциденца на акутната миелоична леукемија.

Во науката за туморската трансформација на нормалните клетки постојат многу термини.

Средствата кои предизвикуваат рак се нарекуваат канцерогени.

Процесот на претварањето на нормалните клетки во туморски се нарекува индуцирање или туморска индукција.

Постојат канцерогени средства или фактори кои ја забрзуваат туморската трансформација на нормалните клетки. Овој процес се нарекува коканцерогенеза, а самите средства или фактори кои ја забрзуваат туморската трансформација, се нарекуваат коканцерогени фактори.

Претварањето на нормалната клетка во туморска клетка се извршува со силен канцероген, кој се нарекува иницијатор, а самиот стадиум се нарекува иницијација.

Дополнителниот фактор, кој ја засилува малигната трансформација (на пример катрановото масло или некој хормон), се нарекува промотор, а самиот втор стадиум на карциногенезата се нарекува стадиум на промоција.

Промоторите дејствуваат со завршувањето на иницирачкото дејтво, односно со завршувањето на првата фаза на карциногенезата (иницирачката фаза). Канцерогеното влијание на промоторите може да биде адитивно или синергистично. Адитивното влијание е кога кокарциногениот агенс има сопствена канцерска активност, а синергистично влијание е во случаите кога комбинираниот ефект го надминува дејството на канцерогените пооделно.

Подготвително дејство е кога канцерогениот агенс ја зголемува осетливоста на зафатениот орган на делувањето на одреден канцероген.

Обратниот процес на коканцерогенезата се нарекува антиканцерогенеза.

Канцерогениот агенс, кој е активен во однос на еден од стадиумите на карциногенезата, се вика инкомплетен, а канцерогениот агенс кој дејствува на двата стадиума се нарекува комплетен.

На крајот, кога некое средство има сопствено канцерогено својство и нема потреба од претходна хемиска транформација во организмот, се нарекува основен (ultimate) канцероген, а кога е неоходно негово претходно активирање и метаболизирање за да може тој да делува, се нарекува непосреден, приближен (proximate) канцероген.

 

Тестис

Преглед на тестиси како превентива во навремено откривање на ракот на тестис.
[Преземено од YouTube]

Превенција и скрининг - рак на тестис

За раното откривање на болеста многу е важна едукацијата на младата машка популација. Тие треба да се информираат за раните симптоми и знаци на болеста, за значењето на самопрегледот... 


Рани знаци и симптоми

Многу е важно да машкото точно ја познава големината и обликот на своите тестиси, за да може да ги примети промените. Најчест симптом на карциномот на тестисот е присуство на мала, безболна тврдина... 

Простата

Рак на простатата, раскажува д-р Реј од клиниката за третман на ракот на простата - синхронизирано на македонски јазик.
[Преземено од YouTube]

Што е простата?

Простатата е орган со жлездесто-мускулна структура, чиј алкален секрет влегува во составот на семената течност (сперма)... 


Третман на карциномот на простатата

За одредување на најадекватна тераписка опција за одреден пациент, се разгледуваат многу фактори... 

Дебело црево

Настанување и ширење на ракот на дебелото црево - синхронизирано на македонски јазик.
[Преземено од YouTube]

Следење на болните со карцином на дебелото црево

Карциномот на дебелото црево бара доживотно следење (follow-up)... 


Дијагноза кај карцином на дебелото црево

Дијагнозата се поставува со внимателно земена анамнеза, физикален преглед по системи... 

Кожа

Настанување и типови на ракот на кожата - синхронизирано на македонски јазик.
[Преземено од YouTube]

Рак на кожа

Меланомот претставува малигно буење на меланоцитите, клетки кои го произведуваат пигментот на кожата. Тоа е најмалигни облик на кожен карцином и е најчеста причина за смрт од кожен карцином... 


Симптоми и знаци

Најчесто карциномот започнува како мала, сјајна папула која бавно и постепено се зголемува и по неколку месеци се појавува сјаен, бисерен раб со назначени проширени крвни садови... 

Дојка

Радиотераписки третман кај рак на дојка. Радиотерапијата ја одредува лекар специјалист (радиотерапевт и онколог).
[Преземено од YouTube]

Ширење на ракот на дојката

Ракот на дојката е системско заболување, дисеминиран процес, кој, уште од најраните фази на својот развој, е склон кон метастазирање... 


Симптоми и знаци за појава на рак на дојката

Ракот на дојката во својот почетен, ран стадиум е обично асимптоматски...