• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Зајакнете ги мускулите на карлицата и решете го проблемот со инконтиненцијата Печати

Према статистиките, секоја петта жена по 40-тата година од животот пати од инконтиненцијата т.е. слабост на мочниот меур. Инконтиненција е неспособност да се во целост контролира задржувањето на мочката при кашлање, кивање, трчање, дигање на тешки предмети, брза промена на положбата на телото (на пример: при брзо станување) или при други физички активности.

Најчеста причина за овој проблем е ослабеното карлично дно, кое се јавува поради вродена слабост на сврзното ткиво, поради бременост и раѓање, менопауза, прекумерна телесна тежина, или поради чести повторувани воспаленија на мочниот меур.

Бидејќи овој проблем најчесто се јавува како последица на слабост на мускулите на карличното дно, тој, воглавно, може успешно да се лекува.

За да се надмине овој проблем потребо е да се придржуваме на следниве препораки:

Да се отиде на лекарски преглед

Најважен е лекарскиот преглед. Лекарот ќе ги направи потребните испитувања со кои ќе ја утврди причината за евентуалната слабост на мочниот меур, односно за постоечката инконтиненција. Причина може да биде некое хронично воспаление во пределот на малата карлица.

Во најголем број на случаи, лекарот советува редовни вежби за јакнење на мускулите на карличното дно.

Вежби

Во поголем број на случаи проблемот може да се отстрани или ублажи со редовни вежби за јакнење на мускулите на карличното дно.

Кегелови вежби - вежби за јакнење на мускулатурата на карличното дно

Доктор Арнолд Кегел уште во 1948 година прв ја предложил примената на вежбите за зајакнување на мускулите на карличниот под, со цел да се подобри функцијата и тонусот. Тоа се вежби на волно стегање и олабавување на мускулот, кој има важна улога во одржувањето на уретралниот притисок (musculus levator ani).

Мускулите на карличниот под во своето тело може да ги лоцирате при следното мочање на следниот начин: ќе се обидете прво да го задржите, а потоа да го пуштите млазот и тоа не стегајќи го стомакот, ниту бутините и задникот. Ако тоа ви успее, значи сте ги лоцирале мускулите за кои се говори.

Основната Кегелова вежба е многу едноставна.

Стегнете ги карличните мускули, држете го стегањето десетина секунди, а потоа опуштете ги. Се препорачува вежбата да се повтори десет пати, три пати дневно (вкупно вежбање - 5 минути дневно).

Тоа се едноставни вежби, не бараат многу слободно време, се изведуваат без дополнително потребна опрема. Ефектите од овие вежби се забележуваат веќе по еден месец од редовното вежбање и кај повеќето мажи може значително да ја подобрат инконтиненцијата.

Здрава исхрана

Многу жени со слаб мочен меур имаат прекумерна телесна тежина. Лекарите советуваат постепено намалување на телесната тежина.

Во надминувањето на овој проблем, покрај редовните вежби и физички активности, голема улога има и правилната исхрана.

Се препорачува да се јадат дневно 5 порции овошје и зеленчук, а посебно се препорачува брокулата, која содржи големи количини на витамин Б. Овој витамин е многу важен за правилното функционирање на невниот систем и може да ги смири надразнетите нерви, вклучувајќи ги и нервите на мочниот меур. Исто дејство има и магнезиумот, кој го има, пред сè, во мешункастите растенија и во семките од тиквата.

Лекарите советуваат да се пие доволна количина на течности. Во никој случај не треба да се намали количеството на внесените течности, бидејќи тоа не помага да се намали неволното испуштање на мочката, туку напротив: ако телото добива помалку течности, мочката станува поконцентрирана и ја надразнува слузницата на мочниот меур. Долгорочно гледано, ако не се внесуваат доволни количини на течност, мочниот меур може да стане помал, бидејќи не е доволно наполнет со течност.