• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Не земајте антибиотици без совет од лекар Печати

Долго време се сметало дека антибиотиците лечат скоро сè, а денес нивното дејство е предмет на расправа.

Докторката Петра Ајлерц, специјалист по општа медицина од Диселдорф, потсетува дека овие лекови некогаш биле силно оружје против инфекциите, но дека во меѓувреме, поради нивното неконтролирано користење, тие станале неефикасни.

Бактериите стануваат отпорни на антибиотиците, што е тесно поврзано со нивната честа употреба. Тоа посебно се манифестира кај најраширените болести кој ги предизвикуваат микроорганизмите, како што се: воспалението на увото, воспалението на синусите или крајниците.

Прво откријте го причинителот

Пред да се спроведе антибиотска терапија, вели др. Ајлерц, треба да се направат лабораториски анализи на крвта и мочката, да се земе брис од грло и нос. На тој начин се открива видот на бактеријата, а потоа се прави антибиограм со кој се одредува и видот на антибиотикот кој треба да се земе. Антибиограмот покажува на кој антибиотик е конкретната бактерија осетлива и најдобро реагира.

Ако лекувањето мора веднаш да започне, бидејќи нема време да се чека на антибиограмот, лекарите обично препишуваат антибиотици со широк спектар на дејство. Но доколку со антибиограмот се открие дека применетиот антибиотик не е ефикасен, тој треба да се замени со друг, според резултатите добиени од антибиограмот.

Многу е важно препишаната антибиотска терапија да се спроведе до крај. Многу луѓе грешат и престануваат да ги земаат антибиотиците веднаш штом ќе се почувствуваат подобро. Ако пациентот ја прекине терапијата предвреме, или ако не се придржува на упатствата за употреба на лекот, поотпорните бактерии можат да преживеат и да станат отпорни на лекот.

Прифатете ја препораката на лекарот

Поради влијанието на храната на лекот, антибиотикот треба да се зема измеѓу оброци или еден час пред јадење.

Антибиотиците не би требало да се земаат со млеко и млечни производи, бидејќи калциумот од овие намирници се врзува за молекулите на антибиотикот и на тој начин ја намалува нивната ресорпција и до 80%. Најдобро е антибиотиците да се испијат со чаша обична вода.

Антибиотската терапија треба да се спроведе точно така како што лекарот ја препишал.