• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Најнездрави видови на месо

Доколку на вашата трпеза се најде црвеното месо повеќе од 2 пати неделно, би требало да знаете дека набрзо би можеле да имате проблеми со крвниот притисок, со нивото на холестеролот во крвта, како и со органите за варење.

Ова е листата на најнездравите видови на црвено месо. Поточно, овие видови на месо не би требало да ги јадете почесто од два пати неделно.

Јагнешко месо

Јагнешкото месо за многумина е најсладок деликатес, што поради неговата посебна арома, што поради неговиот специфичен вкус. Но, кога здравјето е во прашање, јагнешкото месо е на црната листа, заедно со говедското месо.

Според десетгодишното истражување на Европскиот центар за нутриционизам и испитување на ракот, откриено е дека лицата кои секој ден консумираат околу 80 грама црвено месо имаат 3 пати поголем ризик да заболат од рак на дебелото црево, во однос на оние лица кои немаат таква навика. Се претпоставува дека хемоглобинот и миоглобинот во црвеното месо, во реакција со хемиските супстанции во човечкиот организам, создаваат канцерогени соединенија.

Препорака:
Исклучето го црвеното месо од секојдневното мени и ограничете го на само една порција неделно. Сè повеќе од една порција црвено месо неделно, го зголемува ризикот за добивање на рак на дебелото црево.

Говедско месо

Правите гурмани знаат дека вкусот на печените говедски ребра е незаменлив, но говедското месо е поврзано со различни видови на рак, посебно со ракот на простатата. Бројни клиничката студии го потврдиле тоа.

Препорака:
Како и во претходниот случај, и овде се препорачува што поретка консумација на говедско месо. Сепак, и кога го готвите говедското месо, правете го тоа така што месото полека и на тивко ќе го печете и ќе го избегнувате директното пржење на месото. На тој начин ќе го намалите присуството на канцерогените материи во месото.

Салами

Саламите често се прават од најлошите парчиња месо, а ако го земеме во предвид и тоа што при припремањето на саламите се користат и многу адитиви и додатоци кои се канцерогени, не е ни чудно што тие се вклучени во оваа црна листа.

Некои видови на салами содржат многу поголеми количини на нитрозамини, дури и од сланината.

Сланина

Сланината е многу вкусна за јадење. Многу мал број на луѓе можат да и одолеат. Но, во сланината се кријат, освен големи количини на масти, и канцерогени нитрозамини, соединенија кои не е можно да се отстранат ниту со готвење на високи температури. Напротив, тогаш тие стануваат уште поопасни за организмот.

Препорака:
Обидете се да ги исфрлите саламите и сланината од вашето мени или јадете ги многу поретко.

Свински кобасици

Свинските кобасици се полнети со маст, зачини и додатоци, кои не само што не се здрави, туку се и најголеми виновници за појавата на кардиоваскуларни заболувања. Европското здржение за здрава и сигурна храна неодамна објавило дека повеќето готови свински кобасици во себе содржат една исклучително штетна состојка, т.н. црвен 2G, кој предизвикува рак.

Препорака:
Ако јадете кобасици, не ги купувајте најефтините, кои имаат неприродно црвена боја. Подобро купете од поскапите, кои се поздрави, но и нив јадете ги поретко.

 

Прочитајте и: