Дознајте се за Хепатитот Б (воспаление на црниот дроб) - Начини на пренесување, тестови, лекување и превенција |
![]() |
Страница 3 од 3
Начини на пренесување на хепатит БТрансфузија на крв Сè до почетокот на 1992 година не постоеле тестови за откривање на вирусот на хепатит Б во донираната крв. Затоа пред 1992 година, многу инфекции настанувале како последица на трансфузија со заразена крв, а која се давала кај лица кои имале потреба од трансфузија на крв или крвни деривати (конзервирани црвени крвни зрнца или крвни плочки-тромбоцити). Случајни убоди со игла кај здравствените работници Ваквите повреди можат да се случат при давање на мускулни или поткожни инекции, при вадење на крв од вена или со игли кои се употребуваат за поврзување на интравенските преносни системи. Овие незгоди обично се случуваат кога медицинската сестра го вади капачето од иглата или кога иглите не се фрлаат во специјалните контејнери. Исто така, постои и ризик од инфекција при повреда присутна во текот на префрлање на телесните течности од еден во друг сад. Користење на нелегални дроги Во денешно време, користењето на заеднички игли за дрогирање е најчест начин на пренесување на вирусот на хепатитот Б. Луѓето може да се заразат и само со едно земање на дрога. Други контакти на крв со крв Било која активност која подразбира ваков контакт може да доведе до инфекција со вирусот на хепатит Б. Тоа се:
Тестови за хепатит БТестови на крвта Преку анализа на крвта може да се открие дали некое лице има хепатит Б. Следниве наоди на крвните анализи можат да се толкуваат на следниов начин:
Лекување на хепатит БЕдинствен третман на акутниот хепатитис Б е одмор и здрава храна. Докторот ќе каже колку долго е потребно да се мирува. Некогаш се потребни и неколку месеци за нормализирање на состојбата. ![]() Иако акутниот хепатитис Б не се лекува, за хроничниот хепатитис Б има два одобрени третмани -интерферон алфа-2б и lamivudine. ПревенцијаХепатитис Б може да се превенира со сигурна и ефективна вакцина. Постои вакцина против хепатит Б. Една од индикациите за давање на оваа вакцина е на сексуални партнери на луѓе кои биле заразени со вирусот. Како превенција на хепатитот Б е практикување на безбеден секс, со правилна употреба на кондоми. Тоа го минимизира ризикот од инфекција преку сексуален однос. Никогаш немојте да користите заеднички игли или прибор за инјектирање. За намалување на ризикот од инфекција преку инфицирана крв неопходно е користење на игли и шприцеви за еднократна употреба или доколку тоа не е можно потребна е нивна правилна стерилизација. Ова се однесува на секоја опрема со која поради било која причина се нарушува интакноста на кожата (бушење уши, тетовирање, акупунктурни игли, инравенска употреба на дрога и др.). |