• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Здрава исхрана, често занемарен сегмент на животот
Здрава храна

За да може да ги извршуваме нашите секојдневни активности (да се движиме, да работиме, да седиме, па дури и да спиеме) на нашиот организам му е потребна енергија, а за да ја добиеме таа енергија потребно е гориво. Исто како и на автомобилот, така и нам ни треба, од време на време, (3, па и повеќе пати во денот) да ги наполниме нашите „резервоари“ со гориво, а тоа е храната.

И како што автомобилот лошо работи и на крајот застанува кога користи лошо гориво, слично се случува и со човечкиот организам.

Затоа мора да научиме да правиме добар избор.

Што е здрава исхрана?

Под здрава исхрана се подразбира внесување на балансирано количество на протеини, јаглени хидрати, масти, витамини и минерали. Тоа значи, внесување на поголеми количини на протеини и јагленохидрати, а помалку масти. Во исхраната посебно е важен внесот на витамини и минерали, кои ги има најмногу во свежото овошје и зеленчук.

Здравата исхрана го зајакнува природниот имунитет на организмот и му овозможува полесно да се одбрани од многу штетни влијанија и болести. Со здрава исхрана, како и со редовна физичка активност постепено се намалува и вишокот на телесна тежина, која е често фактор на ризик за настанување на повеќе болести.

Овошје и зеленчук, најбогати природни извори на витамини и минерали

Овошјето и зеленчукот се богати со витамини и минерали, кои се природни одбранбени состојки против многу болести.

Се препорачува да се јадат дневно 5 порции на овошје и зеленчук. Една оптимална порција тежи околу 80 грама. Со тоа се смета дека се намалува и ризикот од срцеви заболувања, шеќерна болест, повеќе видови на карциноми и други заболувања.

Научниците, сеуште не ги откриле сите хранливи состојки, кои делуваат како заштита на организмот против болестите. Затоа се препорачува да потребните витамини и минерали се внесуваат преку свежото овошје и зеленчук, а не преку синтетски препарати, разни додатоци или екстракти од храна, кои може да се купат во аптеките. Овие синтетски произведени извори на витамини и минерали не се така ефикасни, бидејќи не ги содржат сите корисни хранливи материи.

Главниот предмет на истражување на dr.Heber e третирањето на гојазноста и исхраната во превенцијата и третманот на карциномот. Тој е директор на Центарот за човекова исхрана (Center for Human Nutrition) на UCLA (Клифорниски Универзитет во Лос Ангелес). На UCLA, dr.Heber го води Одделот за клинички испитувања, кој е финансиран од Националниот Институт за Канцер, како и од субвенциите за исхрана и гојазност на Националниот Здравствен Институт. Напишал повеќе од 70 научни трудови, 2 професионални трудови, како и 4 книги.

Една од неговите книги е и книгата „Која е боја вашата исхрана?“. Тој во својата книга ги поделил овошјето и зеленчукот во седум категории, а врз основа на нивната боја.

Dr.David Heber препорачува примена на принципот „седум бои на здравјето“ и тоа така што во дневната исхрана ќе се внесе храна со различни бои, вклучувајќи ги следниве групи:

„Виножито од бои“

Црвена: патлиџан и производи од патлиџан (сок, супи, сосови и кечап).

Оваа храна содржи супстанции за кои е докажано дека го намалуваат ризикот од појава на неколку видови на карциноми, вклучувајќи го и карциномот на простатата.

Црвена и розева: грозје, сок од грозје, црвено вино, сушени сливи, јагоди и капинки.

Оваа храна содржи силни антиоксиданси кои имаат делотворен ефект на здравјето на срцето, бидејќи го спречуваат настанувањето на згрутчувања во крвните садови. Исто така, како јаки антиоксиданси го штитат организмот од некои канцерогени материи.

Портокалова: морков и кајсија.

Морковот и кајсијата содржат бета-каротин кој ја подобрува комуникацијата помеѓу клетките, со што помага да тие подобро се борат против ширењето на ракот.

Порокалово-жолта: портокал, сок од портокал, мандарина, грејпфрут, лимон, папаја, ананас и праска.

Ова овошје е богато со витамин Ц, силен антиоксиданс кој ја зголемува отпорноста на организмот према инфекции, но и служи како заштита од многу други заболувања, влучувајќи ги тука и малигните болести.

Жолто-зелена: жолта пченка, грашок и авокадо.

Оваа храна содржи лутеин кој е силен антиоксиданс, а кој ја штити мрежницата (ретина) на окото од зрачење и го намалува ризикот од пореметувања на видот. Сé поголем број на студии покажуваат дека лутеинот, благодарение на своите антиоксидациски својства, е од големо значење за зачувување на видот, за здрава кожа, за заштитас на срцето, на грлото на матката, како и за јакнење на имунолошкиот систем.

Варениот зеленчук е најдобар извор на лутеин. Во свежиот зеленчук, лутеинот е заробен во клеточните структури, додека со варењето се овозможува негова апсорпија и се зголемува биорасположивоста.

Зелена: зелка, кељ и карфиол.

Овој зеленчук содржи супстанции кои го намалуваат создавањето на штетни материи во црниот дроб. На тој начин го одржува здравјето на црниот дроб, кој е главна лабораторија во организмот, каде се уништуваат сите отрови од организмот.

Бело-зелено: лук и кромид.

Лукот и кромидот имаат бројни лековити состојки кои го зголемуваат природниот имунитет на организмот, штитат од бројни инфекции, ја подобруваат работата на срцето и крвните садови, на црниот дроб, на белите дробови, на простатата. Аминокиселините од лукот го намалуваат „лошиот“ холестерол (LDL) во плазмата, а ја зголемуваат концентрацијата на „добриот“ холестерол (HDL) и триглицеридите.

Овој зеленчук ја штити ДНК.

Другото бело-зелено овошје и зеленчук, вклучувајќи ги: артичок, крушка, шпаргла, целер и печурки, богато е со флавоноиди, антиоксиданси кои ги штитат клеточните мембрани.

 

Прочитајте и: