• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Бели меурчиња на главата на пенисот Печати
Здраво, за време на секс ми се скина козичката што ја поврзува главата на пенисот со другиот дел. Криев подолго време и имав болки при секс. Сега околу главата на пенисот му се појавија бели меурчиња. Не знам каква болест е тоа и дали се лекува?
Ве молам дадете ми совет...

Ќе пробам да ви одговорам на вашето прашање, иако неможам ништо конкретно да ви кажам, со оглед на тоа што сепак е потребен лекарски преглед.

Тоа што се скинала кожичката при полов однос и не е така страшно, но сепак е тоа раничка, која е влезна врата за инфекција. Така да појавата на бели меурчиња на пенисот може да биде знак за присутна инфекција. Затоа ви советувам веднаш да се јавите на лекар, за да може точно да се утврди за каква инфекција се работи.

Немојте да практикувате секс без заштита, значи без кондом, посебно не сега, прво заради ваша заштита, а секако и заради заштита на вашата партнерка, затоа што доколку се работи за инфекција, таа лесно може да и ја пренесете и на партерката.

Вашиот лекар ќе ви даде одредена терапија и полека инфекцијата ќе се смири. Доколку не отидете на лекар, состојбата може да се влоши и да биде потоа потешка за лекување.

Нема потреба од страв или срам. Тоа е нешто што на секому може да му се случи.

Се надевам дека ви договорив на вашето прашање. Доколку имате уште нешто што ве мачи, слободно пишете ни.

Д-р Л. Ацева