• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Зголемена простата и еректилна дисфункција Печати
Докторке ве молам одговорете ми.
Пред некое време осетив дека имам проблеми со мокрењето и со ерекција, а потоа и со пребрза ејакулација. Отидов на лекар и со испитување се заклучи дека простатата е зголемена на 35 mm. Пиев некои лекови, кратко време беше подобро но, сега нема проблем со мокрење а имам проблем со ерекција и пребрза ејакулација. Докторот ми рече да јадам почесто семки од ТИКВИ, ќе ми даде резултат. Ве молам одговорете ми колку е нормална големина на простата и ова со семките. Што понатаму.

Во вашето писмо не наведувате колку години имате.

Кај возрасен маж простатата е со големина на орев, со најголем дијаметар од 3 до 5 сантиметри и тежина од 15 до 20 грама. Што се однесува до семките од тиква, тие помагат кај зголемената простата, но сигурно дека не ја и лекуваат

Простатата е сложен орган чија нормална функција е условена главно од хормонската рамнотежа и од меѓусебниот однос на машкиот хормон - тестостерон и другите хормони и супстанции. Присуството на тестостерон видно се намалува по 40-та година од животот. Како резултат на тие промени доаѓа појава на старечка простата. Старечката простата е всушност процес во кој простатичната жлезда се зголемува.

Кај мажите постари од 50 години, бенигната простатична хиперплазија (БПХ) е најчесто заболување на простатата. Инциденцијата расте со возраста, почнувајќи со 8% во четвртата деценија од животот, за да достигне дури 90% во деветтата деценија.

БПХ е најчеста причина за нарушеното празнење на мочниот меур. Според, тоа како најчести симптоми и знаци на зголемената простата се:

Симптоми поврзани со капацитетот на мочниот меур (storage) се:

  • многу често мочање
  • ноктурија (мочање ноќно време)
  • ургентно мочање (итна пореба за мочање)
  • инконтиненција

Симптоми поврзани со мочањето се:

  • тешко отпочнување на мочањето
  • слаб млаз на урина
  • потреба за напнување при мочање
  • испрекинато мочање
  • чувство на нецелосно празнење на мочниот меур
  • уринарна ретенција (неможност за мочање)

За поставување на дијагноза на зголемена простата потребнио се повеќе испитувања, пред се преглед од страна на уролог (анален преглед, ректално туше), а потоа е ехотомографски преглед на простатата. Доколку има потреба се прават и други дополнителни иследувања.

Лекувањето на БПХ може да биде со:

  • конзервативен третман (следење и медикаментозна терапија),
  • хируршки третман.

Значи, прво и основно е да се правилно лекува зголемената простата. Тоа значи дека терапијата треба да се зема според упатствата на лекарот, и таа обично е долготрајна, односно трае со години. Затоа ви препорачувам повторно да се обратите до вашиот уролог и да направите контролен преглед.

Што се однесува до семките од тиква, тие помагат кај зголемената простата, но сигурно дека не ја и лекуваат.

Кога говориме пак за еректилната дисфункција, значи проблемите со ерекција и ејакулација можат да бидат последица на хормонскиот дисбаланс, на зголемената простата, но секако дека тоа не се и единствени причини кои може да доведат до еректилна дисфункција.

Затоа е важно да се направат и други испитувања, кои ќе ви ги препорача урологот. Мора прво да се открие причината за еректилната дисфункција, па за да може понатаму таа адекватно да се лекува. Знаци, јас неможам да ви кажам на овој начин конкретно како да ја лекувате.

Доколку имате уште некои прашања, слободно пишете. Битно е ви велам и колку години имате.

На нашиот портал имате опширно за зголемена простата (БПХ) на следниов линк:

БПХ и ракот на простатата

Ќе можете детално да прочитате и за третман и симптоми и се друго што ве интересира.

Д-р Лилјана Ацева