• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Бемки Печати
Како сте Докторке? Многу се израдував кога видов дека можам да ве прашам за моите бемки пошто стално ме мачи тој проблем. За преглед треба да одам дури Скопје а ми е проблем, јас сум од Битола, и ради обврски неможам да појдам.
Инаку јас имам премногу бемки по целото мое тело, и малечки и големи, а највеќе ме плаши една на грбот која има 7 mm а може и повеќе и е кружна, нерамна и со црна боја. Ја имам одкако знам, ама многу ми смета и страв ми е да не се скине, пошто е како зрно грозје и еднаш ми се скина, одвај го запревме крварењето. Незнам што да правам, дали е опасна или не.
Имам уште една толкава голема ама помазна е, и на вратот е.

Мило ми е што сте го посетиле нашиот портал.

Што се однесува до вашето прашање, можам да ве утешам со тоа што ќе ви кажам дека бемките не значат тумор, а тоа значи дека не се опасни, но сепак, можно е да во текот на животот се трансформират во малиген меланом, еден од најопасните кожни карциноми.

Посебно кога лицата имаат големи бемки, како што вие велите дека имате две, кои се испакнати над кожата, постои опасност да се тие често скинат, како на пример при облекување или при случаен удар и да се разранат и крварат. Секое дразнење на бемката го зголемува ризикот да премине во малиген меланом.

Затоа, често на тие лица им се препорачува да се комплетно хируршки отстранат таквите бемки, со што би се превенирало евентуално настанување на меланом. Но, секако за тоа одлучува лекарот, специјалист по деталниот физикален преглед.

На нашиот портал имате во МУЛТИМЕДИЈА делот, видео запис за тоа како се изведува самопрегледот на кожата. Самопрегледот на кожата би требало да го прави секој човек еднаш месечно. Со самопрегледот ќе можете веднаш да откриете дали постои некоја промена на веќе постоечка бемка, било во бојата, во големината или формата.

Јас би ви советувала сепак да се јавите на вашиот матичен лекар, кој ќе ве препрати до специјалист, било пластичен хирург или кожен лекар. Тој ќе изврши детален преглед на сите бемки, ќе може да види какви се вашите бемки кои ви влеваат страв. Најверојатно не е ништо страшно, но сепак убаво е да отидете на лекар и да се на тој начин смирите и да не се оптеретувате со непотребен страв и грижа.

Може специјалистот ќе ви препорача да тие две бемки се хируршки отстранат, што не значи дека е тоа рак, а потоа по отстранувањето ќе се испрати материјалот на микроскопско патохистолошко испитување и ќе знаете точно за што се работи.

За кожните промени повеќе имате во нашиот портал под ТУМОРИ, односно делот КОЖА, таму има детално опишано за се што може да биде сомнително кај бемка, т.е. промените кои можат да значат нешто сериозно.

Се надевам дека ви одговорив на вашето прашање.

Поздрав.

Д-р Лилјана Ацева.