• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Дали е потребна дополнителна терапија по отстранување на дел од дебелото црево, поради аденокарцином во Стадиум 2? Печати
Ве молам за совет. Која е терапијата по хируршко отстранување на ректосигмоидниот дел на цревото. Постоперативниот патолошки наод покажа дека се работи за аденокарцином и B стадиум на болеста). Дали е потребна дополнителна постоперативна терапија (радиотерапија или хемотерапија)? Ви благодарам.

Според стандардните протоколи кај аденокарциномот на колониот во стадиум II (Dukes- B стадиум) во постоперативниот период не се препорачува рутинска хемотерапија или радиотерапија. Важно е редовно пратење на болеста, т.е. редовни контроли кај онколог, бидејќи одредени пациенти (најчесто оние кои предоперативно имале компликации од болеста) се поподложни на повторна појава на болеста.

Д-р Л. Ацева