• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Болест со многу лица – акромегалија - Патофизиологија Печати
Индекс на артикл
Болест со многу лица – акромегалија
Патофизиологија
Клиничка слика
Дијагноза
Диференцијална дијагноза
Лекување
Сите страници

Патофизиологија

Кај лицата со акромегалија секрецијата на хормонот за раст е зголемена, случајна, епизодна и без постоење на карактеристечен ноќен скок.

Утврдено е и постоење на абнормален секреторен одговор на различни стимулирачки или инхибиторни дразби.

Така, не доаѓа до вообичаената супресија на хормонот за раст после орално оптеретување со гликоза, односно нема хипогликемиски стимулативен ефект на секрецијата на хормонот за раст.

Исто така, за разлика од здравите лица кај кои агонистите на допаминот предизвикуваат пораст на хормонот за раст, кај повеќе од 50% од пациетите со акромегалија доаѓа до парадоксална супресија (кочење) на неговата секреција.

Со примената на TRH и LHRH (кои нормално немаат ефект на секрецијата на хормонот за раст), кај лицата со акромегалија може да дојде до патолошки скок на хормонот за раст за повеќе од 100%. Овој ефект се објаснува со постоењето на неспецифични рецептори на туморските клетки.

Кај акромегалијата се, исто така, зголемува и концентрацијата на IGF-1 во плазмата, која доведува до карактеристични зголемувања и задебелувања на коските, `рскавиците, меките ткива и органите што ја дава карактеристичната клиничка слика на болеста. Се смета дека повеќето штетни ефекти на акромегалијата се всушност последица од зголемената концентрација на овој на инсулин сличен фактор на раст - IGF-1.